„Тоа го заслужив со свој труд и талентот кој го добив од Бога“, се пофалила таа на социјалните мрежи. Мина Јоксимовиќ стана музички уредник во една телевизија која е во сопственост на Српската православна црква.Ќерката на Жељко Јоксимовиќ се пофалила на социјалните мрежи со вработувањето.
„Пријатели, многу ми е драго што можам ова да го споделам со вас. Станав музички уредник, со својот труд и талентот којшто го добив од Бога“ – напишала Мина на Фејсбук.
Веднаш откако ја објавила веста, почнале да пристигнуваат честитки од пријателите и следбениците на социјалните мрежи, како и од колегите на Жељко од естрадата.
„Господ прво ти даде талентирани и музикални родители за да родат таква прекрасна и талентирана ќерка од Бога“ – ѝ порачала Леонтина Вукомановиќ, пејачка и долгогодишна пријателка на семејството Јоксимовиќ.
Иако Жељко избегнува да го коментира животот на неговата ќерка, беше исклучок кога Мина се запишала на Музичка академија и почнала да работи на првата песна.
„Мина работи во студио и драго ми е што се занимава со музика на начинот на којшто таа смета дека е прикладен. Во исто време и студира, така што сум прездоволен од нејзиниот ангажман“ – изјавил Јоксимовиќ.Ќерката на Жељко Јоксимовиќ се пофалила на социјалните мрежи со вработувањето.
„Пријатели, многу ми е драго што можам ова да го споде



