ОТКРИЕНА фонтаната на младоста!

Постојано сме преплавени со производи и третмани што ветуваат да го „порекнат стареењето“. Конечно, се чини дека научниците го најдоа вистинскиот еликсир, а тој се крие во едно морско животно.

ОТКРИЕНА фонтаната на младоста!

Неодамнешните истражувања извршени од Биолошката лабораторија во Мејн, го испитаа регенеративниот процес на три видови на морски ежови, кои изненадувачки, имаат многу сличен генетски код со луѓето.

Претпоставката од која нормално би се пошло, е дека како што стареат, нивната способност за регенерација опаѓа. Но, се покажало дека без разлика колку брзо стареат, овој процес воопшто не се намалил и клетките функционирале како и кај младите ежови дури и непосредно пред умирањето.

Ова покрена многу нови теории за еволуцијата на стареењето, и порекна некои од досегашните верувања на поврзаноста на регенерацијата со возраста.

Сепак, ова не значи дека следува ерата на масакрирање на морските ежиња, туку само дека е отворен патот за многу истражувања во оваа насока.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.