Водителот и новинар Синиша Медиќ на неговото гостување во емисијата на Зоран Павиќ и Ненад Шкундрица, прв пат зборувал за тоа како изгледала емисијата во која гостувале двете најголеми диви на српската музика: Цеца Ражнатовиќ и Драгана Мирковиќ. Синиша отворено говори како идејата да ги спои двете пејачки во една емисија била негова, но нималку не била пријатна атмосверата кога ја реализирал истата.
„Тие две не се сакаат. Цеца и Драгана единствен пат заедничко гостување имале во таа емисија, во 2007. година на телевизијата Dm sat, чија сопственичка е Драгана Мирковиќ. Тогаш сакав да реализирам ваква емисија, но и ден денес тврдам дека во текот на целата емисија се чувствуваше многу чудна енергија“ објаснува Медиќ.
Тој додава како Цеца и Драгана, емисијата си ја одработиле како најголеми професионалки, но дека низ целата емисија се чувствувала лоша енергија, па изгледало како и двете дами да едвај го чекаат крајот на емисијата.
Според неговите зборови тоа била најтешката емисија во неговата кариера.
Синиша отворено говори како идејата да ги спои двете пејачки во една емисија била негова, но нималку не била пријатна атмосверата кога ја реализира



