Семејството и пријателите на пејачката Јелена Крсмановиќ се на полиграско испитување откако се откри дека таа била брутално убиена по пријавувањето дека е исчезната.Според последните податоци на српското Министерство за внатрешни работи, пејачката била убиена со тврд предмет.
Се исклучува можноста дека станува збор за самоубиство.
Обдукцијата ќе покаже како точно настапила смртта и кој ја убил убавата пејачка.
Таа беше пријавена за исчезната пред 20 часа. Полицијата интензивно трагаше по неа.



