Ќерката на Весна Змијанац и пејачот на „Елитни одреди“, ја обелоденија приказната за бременоста на Николија во заедничко интервју.Пејачката Николија Јовановиќ и нејзиното момче, фронтменот на „Елитни одреди“ Реља Поповиќ, решија по повеќедневните шпекулирања за нивната врска и бременоста на Николија, да ја раскажат својата верзија од приказната за магазинот „Hello“.
Како што се наведува, парот уживаше во заедничкиот одмор во Доминиканската Република, а по враќањето во Белград имаа уште една причина за радување, бидејќи дознале дека Николија се наоѓа во блажена состојба.
„Поради стресот на кој што сум изложена во последните денови, како и поради невистинитата приказна за тоа дека Реља не е татко на моето дете, принудена сум на суд да се соочам со некои медиуми за прв, а се надевам и за последен пат“, порачува Николија.
Таа продолжи:
„Чувствителна сум на туѓите судбини и секакви животни ситуации кои нарушуваат нечиј душевен мир, а мојот душевен мир во последниве денови не е нарушен, туку во целост е уништен. Посебно ме погодија приказните дека наводно сум размислувала да абортирам. Не дозволуваме стресот да ни ја загрози радоста за бебето“.
Николија додаде дека бременоста не е сензација, туку е длабока радост за двајца кои се сакаат, нивните семејства и пријателите.
На тоа се надоврза Реља:
„Да даде Господ, ние неизмерно ќе се радуваме кога ќе станеме родители“.Пејачката Николија Јовановиќ и нејзиното момче, фронтменот на „Елитни одреди“ Реља Поповиќ, решија по повеќедневните шпекулирања за нив



