Промоцијата на песната „Боемска рапсодија“ се случи на 31. октомври во далечната 1975 година, што значи дека за неколку дена ќе наполни 40 години.„Боемска рапсодија“ е само еден од многуте хитови на легендарната група „Квин“ кои заслужено се најдоа на првото место на светските топ листи.
Починатиот фронтмен на групата, Фреди Меркјури, во едно интервју изјави дека песната е наменета за врските. За какви конкретни проблеми и теми, тој не сакаше да открие. Кон молкот му се придружија и останатите колеги од бендот.
Цели 40 години подоцна, биографот на Фреди Меркјури, Лесли-Ен Џонс, тврди дека стиховите кријат тајна поракакоја се однесува на признанието на Фреди дека е хомосексуалец, објави „Дејли Мејл“.
Со неа се согласува и текстописецот на песната Тим Рајс, кој тврди дека добро го познавал Фреди.
„Тоа за мене претставува очигледно признание на Фреди. За тоа разговарав и со Роџер Тејлор – тапанарот во групата.. Пораката е кристално јасна, Фреди признава дека е хомосексуалец“ – тврди Рајс.
Ова е неговото објаснување:
Во стихот „Mama, I just killed a man“ („Мамо, штотуку убив маж“), Фреди всушност се уби самиот, односно личноста која беше дотогаш. Понатаму, стихот „Put a gun against his head, pulled my trigger, now he’s dead“ („Ставив пиштол спроти неговата глава, го повлеков чкрапалото и сега е мртов“), значи дека хетеросексуалната личност во него е мртва. Ја уништи личноста која се обиде да биде и сега се обидува да живее со новиот Фред.
Рајс додава дека стихот „I see a little silhouettе of a man“ („Гледам мала сенка на човек“) говори за тоа дека сѐ уште го прогонува она што го направил.
Како потсетување, во продолжение слушнете ја „Боемска рапсодија“ и проценете сами дали Рајс е во право или песната сепак има и друго значење:
„Боемска рапсодија“ е само еден од многуте хитови на легендарната група „Квин“ кои заслужено се најдоа на првото место на с


