Откријте го карактерот на личноста со помош на името и презимето!

Според нумеролозите, кога збирот на нечие име и презиме го сведете на едноцифрен број добивате број кој ја објаснува неговата личност.Напишете го името и презимето на личноста која ве интересира, па спрема табелата секоја буква заменете ја со соодветниот број. Потоа соберете ги сите броеви додека не добиете едноцифрен број.
Табела:
А,И,J  =1
Б,К,Р =2
Ц,Г,Л,С,Ч,Ш,Љ =3
Д,М,Т,Џ,Ѓ =4
Е,Х,Н,Њ,Ѕ =5
У,В =6
О,З,Ж,Ќ =7
Ф,П =8
Значењето на броевите видете го на следната страна:

Број  1
Јака,одлучна и амбициозна личност,понекогаш дури и егоист. Има висока интелигенција,преодредена е за среќа.
Број 2
Овој број носи среќа и задоволство. Овие луѓе се дарежливи,романтични и страствени. Низ животот ги водат чувствата и сентименталноста. Некои се срамежливи и малку плашливи.
Број 3
Ова е издигнат број и личноста која го има е често преодредена на големи работи. Тие се многу интелигентни и духовни личности. Тие некои работи ги знаат претходно и ги претчувствуваат.Во суштина се оптимисти,зборлести и многу креативни.
Број 4
Бројот кој претставува солидарност,обврска,потполна преокупираност на личноста која што го носи. Овие личности се професионалци и на нив можете секогаш да се потпрете. Тие се комплексни личности,одлични пријатели,партнери,деца и родители.Добро се организирани,внимателни но некогаш им недостасува самодоверба.
Број 5
Друштвени личности,прави светски патници. Ја сакаат слободата,дружењето и движењето. На нив најмногу им одговара живтотот во голем град,работа во која што ќе комуницираат со многу луѓе. Исто така се одликуваат со тоа што се весели и знаат да уживаат во животот.
Број 6
Овој број е поврзан за работата,таквите личности се способни,секогаш добро спремни,организирани и интелигентни. Тие се одговорни родители а им лежат професорски занимања. Понекогаш можат да бидат нетолерантни.
Број 7
Овој број често се поврзува со музите и нивната уметничка инспирација. Овие личности се уметнички души и ја сакаат самотијата. Дефинитивно помеѓу нив се кријат најголемите уметници.Покрај смислата за убаво,овие личности често и физички добро изгледаат.
Број 8
Личностите со овој број често живеат различно,скоро друг живот.Смирени и повлечени,својот приватен живот и мисли ги зачувуваат за себе. Се кријат од околината и обвиени се со тајни.
Број 9
На овие личности им треба многу простор,ја сакаат авантурата и ризикот. Уживаат во животот,револуционерни се и посебни. Секогаш го подигаат гласот за реформи и нов начин на живот. Тежнеат кон промени,нешто друго и сосема ново.Напишете го името и презимето на личноста која ве интересира, па спрема табелата секоја буква заменете ја со соодветниот број. Потоа соберете ги си

Пронајдете не на следниве мрежи: