Откријте ја Пелагонија!

Во текот на септември и октомври во општините низ Пелагонискиот регион ќе се организира месецот на авантура “Откријте ја Пелагонија”. Негова цел е промоција на Пелагонија пред домашните туристи како дестинација за авантуристички туризам односно дестинација за уживање во физичка активноста, природа, локална традиција и култура.Во рамките на месецот на авантура во Пелагонија ќе бидат организирани 10 настани со повеќе од 20 спортско-рекреативни и културни активности како велосипедизам, планинарење, ултра маратони, болдеринг и параглајдинг, наменети за сите категории на туристи.
Официјалното отворање на „Откријте ја Пелагонија“ ќе се случи на 12 септември во Стење каде за време на два викенд денови ќе бидат организирани трки во планинско трчање, планинарски марш на Галичица и велосипедски тури до село Коњско и Галичица. Вечерта на 12 септември на новата плажа во Стење ќе се организира музички хепенинг со рок бенд и диџеј. Камперите кои ќе бидат сместени на самата плажа ќе уживаат во гравче подготвено на логорски оган и други специјалитети од преспанската кујна.

Месецот на авантура во Пелагонија е организиран од широка платформа на јавен, приватен, невладин и донаторски сектор. Партнери во организацијата на настаните се општините во Пелагонија, Проектот за експанзија на мали бизниси кофинансиран од УСАИД и Швајцарската развојна агенција, спортски клубови, здруженија на граѓани и локалното население од регионот.
Повеќе детали за програмата на „Откријте ја Пелагонија“ можат да се најдат на фејсбук страната www.facebook.com/discoverpelagonija или на веб страната www.pelagonijaregion.mkВо рамките на месецот на авантура во Пелагонија ќе бидат организирани 10 настани со повеќе од 20 спортско-рекреативни и културни активности како ве

Пронајдете не на следниве мрежи: