Откријте колку долго ќе живеете!

Овој графикон дизајниран од Marcelo Duhalde првенствено објавен на www.visualizing.org го пресметува просечниот животен век на лица родени до 2013, под услов стапката на смртност да остане непроменета. Податоците се однесуваат и на женската и на машката популација. Просечниот животен век е синтетички индикатор за општите условите на живот, здравјето, образованието и други социјални показатели за одредена земја или територија. 
Според овој графикон, најголем животен век во светот имаат жителите на Монако со 90 години, а по нив следат Сан Марино и Андора со 83 години, Швајцарија, Италија, Лихтенштајн и Франција со 82. Во Европа најмал животен век имаат Украинците со 69 години. 

Најмал животен век во светот имаат жителите на Чад, во Африка, додека на истиот континент најдолг животен век имаат Мароканците. 
Во Азија најдолг животен век имаат во Макау, Јапонија и Сингапур (84 години), додека пак најкраток животен век имаат во Авганистан (50 години).
На американското копно, Канаѓаните, жителите на Бермуда и Кајманските Острови имаат најдолг животен век кој изнесува 81 година, додека пак најкраток тие на Хаити со 62 години.
Во Океанија пак, Австралијанците живеат најдолго (82 години), а жителите на Кирибати најкратко (65 години).
Според графиконот, во моментот просечниот животен век на сите жители на Земјата изнесува 71 година, што е значително поголем од животниот век на нашите предци од неолитот кои живееле во просек само 20 години. 
Погледнете го детално графиконот и видете колку ќе живееме ние тука. 
Извор:ladybook.mkПросечниот животен век е синтетички индикатор за општите условите на живот, здравјето, образованието и други социјални показатели за одредена земја

Пронајдете не на следниве мрежи: