Откриваме: Ова се петте телефонски измами на кои не смеете да наседнете!

Текстуални пораки, лажни пропуштени повици и безбедноста на мобилните уреди се само некои од најчестите измами на кои „наседнуваат“ илјадници корисници низ целиот свет. Ние ви ги претставуваме петте најпопуларни. 1. Пропуштен повик
Овој навидум обичен повик всушност упатува на меѓународни броеви, кои се програмирани така што не можете да ги прекинете, а воспоставување на врската се тарифира по ценовник на меѓународен тарифен план. Ова може да биде најскапиот односно сателитски и прекуокеанска врска, чија цена достигнува и енормна сума.
2. Снимени пораки
На бројот на кој сте ѕвонеле се јавува телефонска секретарка и ви вели дека сте добиле награда, давајќи ви инструкции да се јавите на друг број за да ви потврдат дека сте ја освоиле. Меѓутоа, вториот број може да биде оној што ќе тарифира на меѓународните цени или можеби навистина сте освоиле на пример претплата за бесплатна мелодија, што повторно може да биде измама.

3. СМС пораки
Ова е многу популарен начин на измама, а постојат две вообичаени пораки на кои можете да наседнете. Во првиот случај текстот на пораките може да упатува на корисникот да го надополни кредитот на телефонскиот број наведен во пораката, објаснувајќи да уплати точно наведена сума, бидејќи испраќачот не е во можност да го стори тоа.
Во вториот случај, може да добиете порака во која некој по “грешка” ви се обраќа со друго име. Ако наседнете и испратите одговор, пораката ќе ве чини скапо.
4. “Мелодични” измами
Иако се помалку луѓе се одлучуваат да платат мелодија за телефон, светските мобилни оператори и понатаму се борат со SMS-пораки кои промовираат бесплатни или мелодии по ниски цени.
Ако ја прифатите понудата всушност ја прифаќате претплатата на сервисот кој ќе ви испрати мелодија и ќе ви ја наплати услугата. Постојат многу компании кои продаваат ринг-тонови за мобилни телефони, и уште повеќе измамници кои ќе се обидат да ја скријат вистинската цена со тоа што ќе ја зголемат.
5. Осигурување за вашиот телефон
Доколку купите мобилен телефон може, наскоро потоа, да добиете повик од наводните продавачи од каде сте го купиле уредот кои љубезно ќе ви понудат осигурување.
Има многу совети за превенција против таквата измама, сепак, никој од нив целосно не е сигурен. Најдобро решение е да не се верува на непознати броеви, не дополнувајте кредит иако тоа го бараат во таа порака и не одговарајте на пропуштените повици кои ви се сомнителни, бидејќи во спротивно можете непријатно да се изненадите од сметката на крајот на месецот.1. Пропуштен повик
Овој навидум обичен повик всушност упатува на меѓународни броеви, кои се програмирани така што не может

Пронајдете не на следниве мрежи: