ОТО Мебел Маркет ќе го опремува просторот во Дневниот центар за деца со аутизам

Компанијата за изработка и производство на мебелТехнокооп, преку својот бренд за продажба на сериски мебелOTO Мебел маркет започнува со донаторска акција наменета за доопремување на просторија во Дневниот центар за деца со аутизам од Скопје. Со издвојување на дел од продажбата што ќе ја оствари за времетраењето на АУТЛЕТ саемот за домот, од 5-ти до 14-ти јуни, ќе го уредииприлагоди просторот според потребите на децата што го посетуваат. „Навистина е прекрасно чувството кога Дневниот центар за деца за аутизам е во центарот на фокусот на компанија, позната по општествено одговорните акции, каква што е ОТО Мебел Маркет. Нашата институција, што дневно ја посетуваат 15 деца е од големо и исклучително значење за нивниот психофизички развој и напредок. Поради тоа особено сме среќни и задоволни што поголемиот дел од денот сега ќе имаат можност да го поминат на удобниот мебел, што секогаш ќе ги потсетува дека нивната добросостојба е една од главните грижи на општеството“ изјавиТања Мишовска Стојковска, раководител на Одделение за лица со пречки во менталниот или телесниот развој, при Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје
 
Дневниот центар кој започна со работа пред една година, нуди вонинституционална заштита на децата и младинците со аутизам, креативно едукативни работилници и развој на социјалните вештини. Центарот во моментот дава услуга на 15 деца на возраст до 18 години, а постои можност бројката да се зголемува.
 
„Врвен приоритет на секое општество е здравјето и благосостојбата на децата. Токму поради тоа, во нашето секојдневно работење, грижата за нив, а особено за оние од најранливите категории, е во центарот на вниманието, кога станува збор за организирање и реализирање на кампањи од општествено одговорен карактер. Се надеваме дека нашиот скромен придонес ќе ги подобри условите за работа во Дневниот центар за деца за аутизам, а ние со сигурност ветуваме дека нашите заложби за оваа институција ќе продолжат и во иднина”, изјави Тони Божиновски, генерален менаџер на Технокооп мебел.
 
ОТО Мебел маркет со оваа акција, само уште еднаш ја покажа својата општествено одговорна страна, ја продолжи низата на акции од таков тип и со донацијата овозможи Центарот, неговите штитеници и вработени да функционираат подобро. „Навистина е прекрасно чувството кога Дневниот центар за деца за аутизам е во центарот на фокусот на компанија, позната по општествено од

Пронајдете не на следниве мрежи: