Груата Роксет ја откажа својата светска турнеја по повод 30 години постоење поради лошата здравствена состојба на пејачката Мари Фредериксон (57), која се бори со туморот на мозок.Славното дуо требало да го одржи следниот концерт во Швајцарија на 3 јуни, а потоа да настапуваат и пред германската, британската и руската публика, но излезе соопштение во кое наведуваат дека сите концерти се откажани бидејќи докторот ја советувал пејачката да ја прекине турнејата.
„Тоа беа 30 фантастични години! Кога ќе погледнам наназад, помнам само радост и среќа. „Роксет“ е голем дел од мојот живот. За жал, мојата турнеја е готова и сакам да ви се заблагодарам на сите вас, прекрасни фанови, кои не пратевте на овој долг пат“, навела Мари во својата проштална порака до фановите
Социјалните мрежи се преполни со пораки за поддршка на Мари, која продолжува да води битка со ракот.Славното дуо требало да го одржи следниот концерт во Швајцарија на 3 јуни, а потоа да настапуваат и пред германската, британската и руската публика



