Ова е човекот што ја одби Нобеловата награда: Таа за мене е бакнеж на смртта!

Францускиот филозоф и писател, Жан-Пол Сартр, е еден од најпознатите добитници на Нобелова награда, но и првиот, кој пред 50 години, го одбил ова највисоко признание за литература.„Ја одбивам оваа награда, тоа е факт, но сега морам на шведските новинари да им објаснам зошто“ – изјави Сартр.
Според наводите на „Франс Прес“, веста од Стокхолм не претставувала „никакво изненадување, ниту емоција“ кај францускиот филозоф и книжевник.
Експертот за делото на Сарт, Андре Гижо, изјави дека Сартр се исплашил бидејќи дека „со таа награда може да биде погребан, недовршувајќи ја својата конечна работа и цел“.
„Сартр ја нарече Нобеловата награда: бакнеж на смртта“, изјави Гижо. Како втора причина за одбивање на наградата, Гижо ја наведува критиката на книжевникот кон сите институции, сметајќи дека „тие се смртоносни затоа што го лишуваат човекот од својата вистинска личност и бараат некаква благодарност“.

„Швеѓаните тогаш јасно дадоа до знаење дека не ги интересира што Сарт ја одби наградата. Тој е избран и неговото име ќе биде впишано на мермерот“ – изјави Антоан Жакоб, автор на книгата „Историја на Нобеловата награда“.
Францускиот книжевник е официјален добитник на наградата Нобел за книжевност во 1964 година, иако не дошол на церемонијата на 10 декември и не го примил чекот од 300 000 евра.
Писателот и филозоф дури сакал и да го спречи ова сценарио, затоа што на 14 октомври 1964 година, кога во весниците прочитал дека е фаворит за наградата, упатил писмо до Шведската академија, во која “бара да не наградуваат некој кој воопшто не го сака тоа признанние“.
Негови најпознати дела се: „Тегобност“ (1938), автобиографското дело „Зборови“ (1964), „Критика на дијалектичниот ум“ (1960) и др.„Ја одбивам оваа награда, тоа е факт, но сега морам на шведските новинари да им објаснам зошто“ – изјави Сартр.

Пронајдете не на следниве мрежи: