Ова е единственото нешто на кое Лепа Брена не може да му влијае на сопругот

Лепа Брена веќе со децении е една од најпопуларните дами на српската естрада, а нејзиниот приватен живот секогаш е она што ја интересира јавноста.Имено, пејачката посветува големо внимание на својот изглед, а многумина ги интересира што прави со скапоцената гардероба која ја носела.
„Единствено што ми остана во животот е костимот од „Хајде да се волимо“. Во здолништетот од тој костим токму пред некој ден снимивме видео запис. Да се влезе во здолниште од пред 30 години е ремек дело за секој. Јас своите стари работи ги подарувам. Кога имате многу вработени секогаш има место каде да отиде таа гардероба. Моите момци подаруваат на нивните другари и секако во хуманитарни организации“. рекла пејачката.
Кога станува збор за стилот, жените обично многу влијаат на сопружниците, но кај Брена и Боба тоа не е случај.
„На него не мож да се влијае во ниедна смисла. Тој е човек кој има свои стандарди. Сака удобна гардероба, спортска, комотна, широка. Тоа главно мора да биде висококвалитетен памук, некаков кашмир, не е љубител на свилата. Мислам дека е во право, тоа е најпаметно“ открила Брена.Имено, пејачката посветува големо внимание на својот изглед, а многумина ги интересира што прави со скапоцената гардероба која ја носела.
&

Пронајдете не на следниве мрежи: