ОВА Е ИСХОДОТ ОД МИГРАНТСКИОТ НАПАД: 260 повредени мигранти и 15 полицајци од кои петмина потешко!

Најмалку 260 мигранти наводно се повредени во судирите на границата помеѓу Грција и Македонија, соопшти Лекари без граници. Полицијата пушти солзавец додека барателите на азил се обидуваа да ја преминат границата. Според МВР, повредени се околу 15 македонски полицајци, од кои петмина потешко.Хуманитарната организација Лекари без граници соопшти дека повеќе десетици луѓе се повредени во инциденти во Грција на границата со Македонија и дека испратила дополнителни тимови да им помогнат на мигрантите во кампот за бегалци Идомени.
 

„Десетици луѓе беа повредени, главно претрпеа респираторни проблеми, а тројца однесовме во болница“, соопшти претставникот на Лекари без граници Ахил Цемос. Група баратели на азил денеска се обидоа да ја поминат границата и да влезат во Македонија, на што македонската полиција одговори со солзавец и шок-бомби. 

Според новинарите присутни во Идомени, солзавец бил пуштан и во радиус од најмалку 200 метри во кампот, во шаторите каде што главно биле жени и деца.
„Азилантите фрлаа камења кон полицијата. Полицијата за возврат им пушти солзавец“, рекол анонимен македонски извор за Ројтерс. „Мигрантите ја туркаа оградата, но од грчката страна на границата. Оградата сè уште е таму, тие не се пробија.“
Грчките медиуми објавија дека немирите почнале откако биле пуштени летоци на арапски што ги повикувале бегалците во Идомени да се соберат на границата и да се обидат да ја преминат.
Бегалците држеа плакати „Отворете ги границите“, „Ни треба Европската Унија“ и „Нема враќање“ и извикуваа „Меркел! Меркел!“.
Пред протестот некои од нив рекоа „Денеска или ќе ја пробиеме оградата или ќе умреме“.
Грчките власти, откако не сторија многу за да ја смират ситуацијата, ја осудија „недискриминирачката“ употреба на сила што ја користеле македонските полицајци.
„Недискриминирачката употреба на хемикалии, гумени куршуми и гранати врз ранливите групи, а особено без причини за таква сила, е опасен и непристоен чин“, рече Јоргос Курицис, портпарол во грчката влада за координирање на миграцијата, пренесе Ројтерс.
 Хуманитарната организација Лекари без граници соопшти дека повеќе десетици луѓе се повредени во инциденти во Грција на границата со Македонија и де

Пронајдете не на следниве мрежи: