Ова е невидливиот предизвикувач на неизлечива болест на која сите сме склони!

Некои болести лесно може да се дијагностицираат на време бидејќи доаѓаат „најавено“, со лесно препознатливи симптоми, но мораме да обратиме внимание на оние тивки болести за кои нема знаци на предупредување.Окото е орган што ни овозможува перцепција на сите случувања во околината, а подложно е на разни проблеми од кои најопасен е очниот притисок.
Имено, покачениот очен притисок предизвикува глауком. Тоа е очна болест што може да доведе до трајно оштетување на очниот нерв и до слепило. Не се лечи, но може да се контролира со помош на лекови. Најчесто се дијагностицира кај постари лица, но може од него да заболат и деца, па дури и новороденчиња.
Губењето на видот што предизвикува глауком е трајно и заради него е важно редовно да се проверува очниот притисок, а важно е да се каже дека тој нема никакви симптоми кога е покачен.
Затоа, ако носите очила, страдате од кратиднодност и вродена далекувидност од било кој вид, редовно посетувајте офталмолог заради мерење на очниот притисок, а особено по 40-тата година.
Како и кај многу други здравствени проблеми, во превенцијата важна улога има здравата исхрана и редовното вежбање. Затоа, потребна е исхрана богата со витамин Ц, Е и А, здрави масни киселини и минерали, како и намалување на внесот на индустриски шеќер, јаглехидрати, процесирана брза храна. Се препорачува исхрана базирана на зеленчук и вода.Окото е орган што ни овозможува перцепција на сите случувања во околината, а подложно е на разни проблеми од кои најопасен е очниот притисок.

Пронајдете не на следниве мрежи: