Јавноста сѐ уште е во неверување по веста дека младата индиска актерка Патриша Банерџи (24) е пронајдена мртва во својот дом во Мумбаи откако извршила самоубиство.Веста за самоубиството на индиската актерка Патриша Бенерџи (24), ги изненади нејзините колеги кои тврдат дека Патриша никогаш не би посегнала по својот живот. Социјалните мрежи вријат од пораки за сочувство на семејството на Патриша.
Младата актерка колегите ја опишуваат како „девојка полна со живот, секогаш насмеана“ и не чуди што повеќето од луѓето коишто ја познавале Патриша, најнапред помисиле дека веста за нејзиното самоубиство е првоаприлска шега.
Актерката Доли Биндра изјавила дека Патриша била психички силна и дека никогаш не би посегнала да си го одземе животот:
„Често се дружевме на снимања. Беше силна и стабилна, никогаш не би извршила самоубиство.“
„Убеден сум дека некој добро го испланирал ова убиство“ – изјавил актерот Аџаз Кан.
Боливудските медиуми јавуваат дека 24-годишната телевизиска ѕвезда во последните месеци била во голема депресија поради врската со свршеникот Раул Рај Синг. Парот наскоро требало да се венча, но Патриша одлучила да си го одземе животот.
Најшокантниот детал за овој трагичен настан е инфомацијата што ја пренесоа извори кои се нашле на лице место во болницата во која била однесена актерката по самоубиството.
Нејзиното безживотно тело, имено, го однел лично Раул, а потоа веднаш избегал заедно со нејзиниот телефон. Според пишувањето на боливудските медиуми, полицијата отворила истрага и планира да го испита Раул за деталите кои довеле до оваа трагедија.
Патриша на почетокот на годината обвинила 8 мажи дека ја нападнале во нејзинот стан преправајќи се дека се полицајци, но обвиненијата биле повлечени.
Извори блиски на ѕвездата велат дека и таа во скоро време била „многу депресивна“ поради врската со Раул. На социјалните мрежи актерката не била активна од ноември месец, а последниот статус кој го напишала бил изјава за сочувство за жртвите од терористичките напади во Париз.
Во последните неколку часа се појави и снимка од телефонскиот разговор помеѓу исплашената мајка на Пратиша, која на актерката Доли Биндри – пријателка на актерката, ѝ соопштува дека во страшниот момент Раул бил со Патриша.
Последниот статус на убавата актерка на „Whatsapp“ била: „Дури и по мојата смрт нема да ти го свртам грбот“ – како да упатува на можност за самоубиство, пренесуваат медиумите.Веста за самоубиството на индиската актерка Патриша Бенерџи (24), ги изненади нејзините колеги кои тврдат дека Патриша никогаш не би посегнала по с



