Актерката Анџелина Џоли неодамна ги отстрани јајниците и јајцеводите, откако пред две години ги отстрани и двете дојки со цел да го намали ризикот да добие рак.„Невозможно е целосно да се ослободам од ризикот и фактот дека сум подложна на карцином“, напишала таа и додала дека се обидува да го крене имунитетот на различни начини.
„Мајка ми заболе од рак на јајници кога имаше 49 години. Јас имам 39. Сега знам дека моите деца никогаш нема да бидат во состојба да речат дека нивната мајка починала од рак на јајници“, рекла Анџелина, чија мајка во 2007 година починала од рак на јајници.
Но, нејзината мајка не е единствената која настрадала од опасната болест. Дури осум членови од нејзиното семејство починале од рак – вклучувајќи дел од оние кои се наоѓаат во позадината од оваа фотографија која е снимена во 1977 година.
Нејзината братучетка Франчина, тетките Стела и Деби починале од рак на дојка, а дедо ѝ и вујко ѝ Роналд починале од рак на жлезди.
Четири години пред снимањето на оваа фотографија, Лоис – бабата на Анџелина, починала од рак на јајниците. Дури и нејзината прабаба починала од рак.„Невозможно е целосно да се ослободам од ризикот и фактот дека сум подложна на карцином“, напишала таа и додала дека се обидува да го к



