Се ближи големиот концертен спектакал на Жељко Јоксимовиќ, којќе се случи токму во Скопје оваа сабота, а организаторот на концертот План Б Продукција и менаџментот на Жељко директно од Белград најавуваат список со блескави музички гости.Веќе прочитавте дека Даниел Кајмакоски ќе биде еден од нив. Скопје – Београд првпат ќе ја испејат во живо во сабота на 21 јуни на концертот на Жељко Јоксимовиќ во Скопје.
Покрај миленикот на македонската женска популација во моментов, Кајмакоски, сцената со Жељко ќе ја подели и Жељко Самарџиќ. Тој ќе биде вистинска концертна поддршка за својот српски колега. А за да го променат ритамот на концертот и да понудат поинакви стихови, тука ќе бидат и Рибља Чорба. Македонската поддршка ќе ја пружат Гаро и браќата Тавитјан.
Организаторот најави рекорден број публика. Со оглед на тоа дека само во првите две недели, беа продадени повеќе од 20.000 влезници, без сомневање ова ќе биде концерт што вреди да се види и на кој што се очекува Жељко да пее пред 50.000 публика.
Во деновите кои што ги броиме пред концерт, организаторот најавува уште неколку спектакуларни музички гости.Веќе прочитавте дека Даниел Кајмакоски ќе биде еден од нив. Скопје – Београд првпат ќе ја испејат во живо во сабота на 21 јуни на концертот н


