ОВА ГО КРИЕШЕ ДУРИ И ОД ЦЕЦА: Откриена е голема тајна на Вељко Ражнатовиќ!

Српските медиуми пренесоа дека Вељко Ражнатовиќ (19) веќе шест месеци е во врска со 13 години постарата Ана, како и дека наводно ја крие таа романса од мајка му.„По раскинувањето со Маша Терзиќ, Вељко ја запозна убавата Ана од Белград по која буквално одлепи. Во некои периоди ѝ се враќаше на Маша, но на крај остана со Ана. Се шушка дека таа е главната причина за неговото раскинување со ќерката на Ѕвездан Терзиќ. Вељко и Ана се заедно шест месеци и многу се сакаат. Таа не е вработена, па Вељко ја издржува. Ѝ ги плаќа дневните трошоци, но и станот, како и сметките. Ја носеше неколку пати на море во Црна Гора и сето тоа џентлменски го плати“, наведува извор и додава поради што Вељко ја крие врската од Цеца:
„Тој не ѝ кажа на Цеца за новата девојка. Стравува дека пејачката не би му одобрила тоа што на неа троши многу пари. Вељко ја издржува Ана од парите на Цеца, бидејќи ниту тој не заработува. За да остане тајна, тие секогаш излегуваат во големо друштво, никогаш сами. Главно се гледаат во станот во којшто живее Ана.“
Од друга страна, Цеца тврди дека Ана му е пријателка на Вељко.
„Ја знам Ана, тие само се дружат. Вељко моментално нема девојка. Тој и јас немаме тајни, сѐ си кажуваме. Дури и да има многу постара девојка, мене тоа не би ми пречело. Важно е само да бидат среќни“, рекла Цеца.
„По раскинувањето со Маша Терзиќ, Вељко ја запозна убавата Ана од Белград по која буквално одлепи. Во некои периоди ѝ се враќаше на Маша, но

Пронајдете не на следниве мрежи: