Ова ќе биде највисоката зграда на светот направена од дрва

Јапонска компанија планира во Токио до 2041 година да изгради дрвен небодер од 70 ката, кој ќе биде висок 350 метри. Од компанијата истакнуваат дека ова е најдобар начин да се прослави 350 годишнината на компанијата од постоењето.Доколку плановите се спроведат на дело, тоа ќе биде втора највисока зграда во главниот град на Јапонија. Надворешниот дел ќе биде 90 проценти од дрво на кои ќе биде прицврстена челична конструкција, а и внатрешниот дел од зградата ќе биде дрвен.

 Како што наведуваат од компанијата, таквата зграда ќе претставува пријатна околина за билки, како и за останати живи организми, а на луѓето ќе им биде обезбеден пријатен простор за живот во центарот на градот.

Во зградата освен станбени единици, ќе има и продавници, канцеларии и хотел.
За изградбата ќе бидат потребни над 6,5 милиони кубни метри дрво, а вкупните трошоци за изградба ќе изнесуваат 4,02 милијарди фунти.
 Доколку плановите се спроведат на дело, тоа ќе биде втора највисока зграда во главниот град на Јапонија. Надворешниот дел ќе биде 90 проценти од др

Пронајдете не на следниве мрежи: