Славната пејачка доживеа мала незгода за време на настапот во Лос Анџелес. Имено, бидејќи со грбот била свртена кон публиката, Иги Азалеа не можела да види дека зад неа е крајот од бината и паднала од неа.Ова се случи додека ја изведувала песната „Fancy“, пеејќи заедно со Чарли ХСХ. Таа тргнала наназад за да се оддалечи од Чарли и паднала веднаш штом се свртела кон публиката
Добрата страна е тоа што за среќа не се здобила со сериозни повреди. Но, исто така, мора да признаеме дека знае да се пошегува на своја сметка.
Иги веднаш по настапот ја објави снимката на својот профил на Инстаграм: „Жал ми е, но би било штета ако не го споделам ова со вас. Дефинитивно и мене ме насмеа“.
Погледнете што се случи:
Ова се случи додека ја изведувала песната „Fancy“, пеејќи заедно со Чарли ХСХ. Таа тргнала наназад за да се оддалечи од Чарли и паднала



