Една голема тајна му се заканува на идиличниот живот на Канје Вест, а вклучува камера и двојничка на Ким Кардашијан.Според објавите на американските таблоиди, 38-годишниот рапер Канје Вест, се најде во незгодна ситуација. Имено, музичарот платил огромна сума пари за да спречи објавување на спорен филм за возрасни, којшто го снимил со двојничка на неговата сопруга Ким Кардашијан.
Видеото наводно прикажува сексуален однос помеѓу Канје Вест и 18-годишна девојка која неверојатно наликува на Ким, а снимено е малку пред да се запознае со славната старлета.
„На Канје му олесна кога успеа да се избори видеото да не биде објавено во јавност. Тоа ќе беше вистинска катастрофа за неговиот брак“, изјавил извор за Радар Онлајн.
Друг извор додал дека постои голем интерес ова видео да се појави во јавноста и дека раперот е загрижен поради тоа.
Се чини дека сопружниците сакаат да снимаат „акција“, а времето ќе покаже дали снимиле некој заеднички проект.Според објавите на американските таблоиди, 38-годишниот рапер Канје Вест, се најде во незгодна ситуација. Имено, музичарот платил огромна сума пари



