Откако на неколку портали беше објавено дека Вељко Ражнатовиќ на прославата на својот 18-ти роденден, рекол дека неговиот татко е жив и здрав, се огласи и неговиот постар брат Војин. Иако никој од српските медиуми не ја пренел информацијата за наводната изјава на Вељко, на Војин очигледно ми засметало тоа, па на својот Фејсбук профил напишал ироничен статус.“И мене исто така ми се јави тато од Кипар или Кариби (врската беше лоша на јахтата) да ми каже дека е добро и да ме праша како му стои часовникот на малиот. За жал му кажав дека не стигнав на „журката на векот“ бидејќи колона со возила го зазела целиот паркинг пред хотелот. Ме замоли никому да не кажувам дека е жив и ми кажа доверлива информација дека многу му недостига сијеничкото сирење, од пазарот Калениќ.
Овој статус полн со иронија, на сметка на Вељко и неговиот роденден, очигледно го разлутил синот на Цеца, па одлучил да се огласи.
„Наместо сарказам и терање на луѓето да веруваат во нешто што и ти самиот знаеш дека јас НИКОГАШ НЕ БИ ГО РЕКОЛ, треба да се запрашаш зошто не присуствуваше да го слушнеш и да го видиш помладиот брат по 15 години! Секој збор е премногу“, напишал Вељко.“И мене исто така ми се јави тато од Кипар или Кариби (врската беше лоша на јахтата) да ми каже дека е добро и да ме праша како м



