Ова се 10-те работи кои не сте ги знаеле за Путин!

Иако тој секогаш е под будното око на јавноста, сепак има некои работи кои се многу малку познати за него.Ова се 10-те работи кои не сте ги знаеле за Путин:
1. Роден е 1952 година во Санкт Петербург, во тоа време Ленинград, и детството го поминал живеејќи во стан во кој престојувале три семејства. Бил трето дете кое мајката го родила на својата 41 година.
2. Неговиот дедо Спиридон Иванович Путин бил кувар, служел и работел во луксузниот хотел Асторија, за кралското семејство Романови, а по Октомврискта револуција неколку пати работел и во кујната на Сталин. Неговата мајка Марија Ивановна била работничка во фабрика, а таткото Владимир Спиридонович Путин служел во морнарицата на СССР, и бил член на тајната полиција НКВД. Имал двајца браќа. Едниот починал неколку месеци по раѓањето, а другиот умрел за време на опсадата на Ленинград во Втората светска војна.
3. Бил еден од најдобрите ученици на генерацијата во основното, и средно хемиско училиште, а потоа студира Правен факултет и станува член на  КГБ за ленинградската област. Од млад сонувал да биде борец и шпион, а црн појас во џудо стекнува на 18 години, во ленинградскиот спортски клуб Труд под влијание на својот сосед, тренерот Рахлин.
4. Дава отказ во КГБ на 20 август 1991 година кога КГБ учествува во државниот удар против тогашниот претседател Горбачов, и го промовира Борис Елцин за иден лидер на Русија. Од 1996 до 1999 е член на секретаријатот на Елцин, и шеф на одделот за контраразузнавање. 
5. Голем љубител е на своите домашни миленичиња, кучињата, кои ги има покрај себе и на службени средби како и на средби со странските државници.
6. Одлично зборува француски јазик, а послабо англиски и германски. Се изјаснува како православен верник. Крстен е тајно, по иницијатива на неговата мајка, во црквата Свето Преображение.
7. Првата позначајна функција му е заменик на градоначалникот на Ленинград/Санкт Петербург Анатолиј Сопчак со кого е пријател од студентските денови кога Сопчак бил асистент на ленинградскиот универзитет. Бил задолжен за странски инвестиции, и прв успешен проект му е кога ја довел германската Дрезден банка во Русија.
8. Алистер Кембел, советник за односи со јавноста на британскиот премиер Тони Блер, изјавил дека настапот и особено погледот од очите на Путин се морничави и нагласено моќни со способност за неверојатно брза трансформација од пријателски поглед на близок човек до поглед на тиранин. И неговата сопруга Људмила сметала дека Путин понекогаш има поглед на убиец, дека е тежок табиет и кој ќе успее со него да помине месец дена треба да добие признание. Тој самиот вели дека е тоа производ на нагласена концентрација, и дека не е приврзаник на бескрајни преговори. По смртта на Ганди, бесмислено е да се чека, трпи и преговара, изјавил Путин.
9. Милијардерот Џон Гети изјавил дека Путин е најмоќниот човек на светот, единствен кој со само еден потег може да ја уништи Кина запирајќи и дотур на нафта и гас. Путин е изразито недоврелив кон олигарсите и политичарите, и има доверба само во неколкумина свои соработници од почетоците на политичката кариера со кои дели и разменува мислења и ставови, а на другите им наредува. Сметаат дека е тоа последица на искуството видено од руските преврати во деведесеттите и распадот на СССР, успонот на Елцин и неговата зависност од олигарсите, 
10. Има две ќерки. Марија (1985) и Екатерина (1986) Путина. Податоците за нив се држат во најстрога тајност, дури и се школувале под туѓо име, и никогаш во јавнста не се објавувале детали за нивните животи. Ниту денес не се знае со сигурност каде и како живеат. Бил женет со Људмила Путина во 1983 година, со која се развел минатата 2013 година соопштувајќи го тоа на група новинари во Бољшој театарот, во паузата на балетот Ла Есмералда. – Се разведуваме бидејќи речиси и не сме заедно поради неговите обврски, потврдила сопругата Људмила во истата прилика. Људмила е бивша стјуардеса на Аерофлот, родена но руската енклава Калининград. За руските медиуми изјавила дека Путин е вампир кој од неа го исцицува животот, и дека не му простила многу работи, помеѓу останатото и што во 1993 година кога имала тешка сообраќајна несреќа не ја посетил во болница бидејќи имал закажана прошетка со американскиот милионер Тед Тарнер. Неофицијално, тој е во невенчан брак со Олга Кабаева, руска гимнастичарка која е 30 години помлада од него. На големата сцена има место само за еден Путин, изјавила сопругата Људмила, на прашањето зошто ја одбегнувала јавноста.Ова се 10-те работи кои не сте ги знаеле за Путин:
1. Роден е 1952 година во Санкт Петербург, во тоа време Ленинград,

Пронајдете не на следниве мрежи: