Ова се 10 убијци на сексот во брак: Од навика до неверство!

Кога ќе го пронајдете човекот на својот живот и ќе кажете „да“, не можете ниту да замислите дека еден ден романтичната магија би можела да исчезне. Сигурни сте дека сè ќе биде совршено засекогаш. Но, грешите. Огромен процент од паровите кои се во брак се незадоволни од сексуалниот живот. Прочитајте зошто.
Ретки се оние кои го одржуваат стариот „ритам“
Паровите кои пред брак во просек воделе љубов 4 пати неделно, после венчавката тоа го прават само еднаш неделно. Освен тоа луѓето кои не се во брак велат дека имаат поисполнет сексуален живот за разлика од оние кои се во брак, покажала неодамнешната американска студија.
Навика е убиец на страста
Сте знаеле ли дека една петтина од паровите кои се во брак имаат секс помалку од 10 пати во годината? Главната причина за ова е навикнувањето – откако им станало вообичаено да немаат секс, едноставно останало така и понатаму. Откако ќе започнете сèпоретко да имате секс, потоа е исклучително тешко да се вратите назад.
Еректилна дисфункционалност
Иако не им било проблем во младоста, повеќе од половина од мажите на возраст над 40 години искусуваат проблеми со ерекцијата. Решението дефинитивно не е во магичните лекарства, туку во поздрав животен стил. Апсолутно е неопходно да ги оставите цигарите, да намалите со алкохол и премногу мрсна храна и да бидете физички поактивни. Доброто здравје на кардиоваскуларниот систем значи и подобар сексуален живот.
Менопауза
Во текот на менопаузата, жените обично искусуваат намалување на сексуалниот нагон и ретко сакаат да бидат интимни. Се работи за нагли хормонални промени за кои тие воопшто не се подготовени – некои доктори дури ја споредуваат со пубертетот, но неколкукратно потешко. Решение? Менопаузата секако ќе пристигне, но ако имате здрав животен стил, ефектите ќе бидат многу поблаги.

Запуштање и земање „здраво за готово“
Речиси една половина од мажите кои се во брак признаваат дека партнерките веќе не им се привлечни. Се чини дека редовно луѓето се откажуваат од внимавањето на својот изглед откако ќе стапат во брак или пак откако се подолго време во врска. Сето тоа му дава до знаење на партнерот дека сме го „земале здраво за готово“ и тоа дефинитивно се одразува на сексот.
Неверство
Од 16 до 20 отсто од луѓето во брак имаат афера, а последиците од тоа се долготрајни. За поголемиот дел од нив најчесто и се дознава, а тоа доведува до нарушување на блискоста и довербата што на многумина им е тешко да го надминат.
Родителство
Околу 30 отсто од жените велат дека првата година од животот на детето воопшто не чувствуваат потреба за секс, ниту никакво друго сексуално задоволство, а причина за тоа се хормоните. Ретко на кој пар не им се менува сексуалниот живот кога на свет ќе дојдат нивните деца.

 
Бременост
Можноста за сексуално задволство паѓа за 39 отсто веќе во текот на првото тромесечие, а самата блажена состојба доведува до мачнини, дебелеење, несигурност и хормонално пореметување. За многу парови бременоста е првото нарушување на сексуалните односи , а треба да се сфати како добра вежба за комуникација и создавање интимност.
Здодевност
Три четвртини од жените го оценуваат својот брак како здодевен, само една четвртина велат дека имаат возбудлив и интересен брак. Врските повремено знаат да станат монотони, но ваша должност е да ги одржите возбудливи. Најважно е да не сте постојано заедно и да не ги правите сите активности како едно. Задржете си свое хоби, свои пријатели, свое време…
Недоволно време
Недостигот од време е болест на денешницата. Денот и натаму трае само 24 часа, а обврските и натаму се трупаат. Но, никогаш не смеете да скусувате од времето за интимност со партнерот. Недоволната интимност води кон дополнително оддалечување и криза во бракот или врската. Променете ги своите приоритети. Огромен процент од паровите кои се во брак се незадоволни од сексуалниот живот. Прочитајте зошто.
Ретки се оние кои го одржув

Пронајдете не на следниве мрежи: