Ова се 9-те најчувани рецепти и формули во светот!

Многу компании љубоморно ги чуваат рецептите и формулите за своите најпознати производи, поради конкуренцијата. Некои можат и далеку да стигнат, како би биле сигурни дека нивната тајна е безбедна од љубопитните очи на ривалските компании.

Dr. Pepper
Газираниот пијалок „Dr. Pepper“ е сочинет од 23 тајни состојки, за кои знаат само 3 клучни личности во компанијата. Постојат гласини дека еден од состојките е сок од слива.

WD-40
WD-40 е создаден после 40 неуспешни обиди. Сите рецепти претставуваат бизнис тајна, заедно со финалната формула.

Алгоритмите на Гугл
Секоја година се прават преку 500 унапредувања, кога се во прашање начините на потрага на интернет. Компанијата љубоморно ги чува своите методи, кои на луѓето ширум светот им овозможуваат да ја пронајдат посакуваната работа на интернет, и покрај лошото пишување и правопис.

Лена Блекбурн кал за бејзбол топки
Калта од тајната локација во Њу Џерси се продава како би се омекнала површината на бејзбол топчињата.
Оваа кал ја користат сите бејзбол екипи, а компанијата веќе секоја година 5 до 6 пати го посетува изворот, од кај што го собира оваа скапоцена кал.

Крофните „Криспи Крем“
Рецептот заедно со продавницата за крофни во Кентаки, е продаден на Ишмаел Армстронг во 1933 година. Со овој рецепт се запознаени само 4 лица во светот.

„KFC“ рецептот за пилешко
Рецептот се состои од билки и зачини, а различни делови се поврзуваат во 2 одвоени фабрики. Напишан рачно во 50-тите години од минатиот век, оригиналниот рецепт се чува во сеф во Кентаки.

Рецепт за специјалниот сос во „Биг Мек“
МекДоналдс го изгуби својот оригинален рецепт во 80-тите години од минатиот век, но кога во компанијата се врати поранешниот директор Фред Тарнер, рецептот е повторно напишан, затоа што Тарнер се сети на него.

„Chartreuse“
Зелениот ликер, кој го прават монаси од Франција, содржи таен микс од 130 билки
Денес само двајца монаси го знаат тајниот рецепт, кој беше скриен од властите во текот на Француската револуција.

Рецептот за Кока- кола
Рецептот стана бизнис тајна кон крајот на 19-тиот век, а во 2006 година е уапсен еден од вработен во компанијата, затоа што сакал да го продаде рецептот на Пепси за 1,5 милиони долари. 

Пронајдете не на следниве мрежи: