Ова се десетте карактеристики на идеалната жена

Доколку запознаете жена која е интелегентна, забавна, знае што сака, не ѝ претставува проблем да ги покаже своите чувства и знае да ви ја возврати љубовта, немојте да ја испуштите таа прилика, бидејќи ретко можете да налетате на такви жени.1. Убава е 
Всушност, не се работи за тоа дали таа има пропорции 90-60-90, бидејќи луѓето кои ни се драги воедно ни се и убави. Сепак, ако за вашата партнерка сметате дека не е надворешно убава, тоа би можело да ви донесе проблеми во иднина.
2. Попаметна е од вас
Тоа не треба да значи дека има поголем коефициент на интелигенција од вас, туку дека вие сметате дека таа е паметна, а во некои ситуации може да биде и повеќе мудра и зрела за разлика од вас. Тоа што вие ѝ се восхитувате на вашата партнерка покажува колку ја цените и почитувате.
3. Има добро срце
Иако звучи како фраза, но навистина е тешко да препознаете некој кој има добро срце. Таквата жена е драга, се грижи за своите блиски и се труди да им угоди, се сочувствува со другите и пробува да ги разбере мотивите на другите луѓе.
4. Знае да биде забавна
Животот некогаш е тежок, а понекогаш е непредвидлив и монотон. Ако некој на самиот почеток не ви е интересен или не знае да ве изненади, мали се шансите дека понатаму во животот ќе знае да го прави тоа. Животот ќе ви биде забавен со партнерка која ќе знае да ве насмее и со која ќе можете да бидете спонтани.
5. Ве сака со целото срце
Вистинската и долготрајна љубов не е нешто што може да се одглуми, ниту да се прикрие. Тоа се гледа во нејзиниот поглед, начинот на кој ве допира, се грижи и ве советува. По правило, мажите се по малку егоистични во љубовта, бидејќи кај жената е повеќе развиена таа биолошка нежна страна.
6. Знаат за компромис
Луѓето имаат тенденција да бидат тврдоглави, а жените и мажите тоа го прават со еднаква мера. Кога сме сами се навикнуваме работите да бидат вакви или такви, но кога сме во врска тоа се менува – луѓето мора да се прилагодуваат според обостраните барања. Доколку имате стабилен и среќен однос, освен вашиот труд потребна ви е жена која ќе разговора со вас, ќе знае да се договори и да прифати компромис.
7. Со неа се чувствувате “како дома”
Тоа чувство е тешко да се опише со зборови, но тоа е слично како кога ќе си дојдете дома после долго патување и ќе го почувствувате мирисот на омиленото јадење кое ви го подготвила. Другите жени можат да бидат привлечни, но ретки се оние со кои ќе го имате ова чувство на спонтаност.
8. Знае што сака
Жената која знае што сака е вистинско богатство кое треба добро да се чува. Таквата жена покажува дека е независна, има изградено карактер, се однесува зрело и знае како да биде добар животен партнер.
9. Силна е, но и женствена
Жените кои имаат цврсти ставови и мислења се жени кои секогаш ќе ги почитувате, но вистинската за вас е онаа која ќе биде храбра како лавица, а притоа нема да изгуби ни малку од својата женственост и нежност.
10. Таа е добра пријателка
Жената која има 20 најдобри пријателки е жена која не знае да биде самостојна и која зависи од туѓото мислење, а жената која нема ниту една пријателка е жена која не знае да биде пријателка. Во поглед на жената и нејзините пријателства можете објективно да процените каква е или каква ќе биде кон вас.1. Убава е 
Всушност, не се работи за тоа дали таа има пропорции 90-60-90, бидејќи луѓето кои ни се драги воедно ни се и убави. Сепак,

Пронајдете не на следниве мрежи: