Фејсбук ја купи популарната апликација за допишување WhatsApp за 19 милијарди долари, а оваа вест денес е топ тема во медиумите. После ова, главниот фокус на новинарите и познавачите е насочен кон потенцијалот на Фејсбук, но исто толку интересна е и приказната за основачите на WhatsApp, Јан Ком и Брајан Актон.Триесет и седум годишниот Јан Ком е роден во Украина, но со своето семејство се преселил во САД кога тој имал 16 години. Животот баш и не им бил лесен, бидејќи живееле од социјална помош, а храната ја купувале со бонови кои ги добивале од државата, пишува Business Insider. Интересно, храната ја купувале од продавница која се наоѓа на неколку улици оддалеченост, од местото каде што сега се наоѓаат канцелариите на WhatsApp.
Уделот на Ком во компанијата изнесува 45%, што според проценката на Форбс ќе му донесе богатство од 6,8 милијарди долари, додека пак другиот основач Брајан Актон кој има удел од нешто повеќе од 20% ќе стане побогат за над три милијарди долари. Инаку, Актон во 2009-та година аплицирал за работа во Фејсбук, но не го примиле.
Триесет и седум годишниот Јан Ком е роден во Украина, но со своето семејство се преселил во САД кога тој имал 16 години. Животот баш и не им бил ле



