Ова се петте најбогати Македонци!

Loading...

На последната листа на „Форбс“ за најбогатите луѓе во регионот се најдоа и петмина Македонци. Најимотниот бизнисмен во МАкедонија, според Форбс, е сопственикот на „Макстил”, „Бетон”, „Факом” и на повеќе други фирми, Минчо Јорданов.Зад него се сопственикот на „Фершпед“, Штерјо Наков, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, првиот човек на „М6“, Свето Јаневски и директорот на најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид”, Живко Мукаетов, пишува Утрински весник.
Листата на „Форбс” за најбогатите луѓе во регионот се базира на јавните податоци за вредноста на акциите кои тие ги поседуваат во фирмите што котираат на Берза. Магазинот наведува дека постои можност листата во Македонија да биде непотполна, бидејќи постои голема нетранспарентност на пазарот на капиталот. Законот за хартии од вредност не дозволува објавување на имињата на акционерите, кои имаат помалку од 5% удел во компаниите.
Според магазинот, најбогатиот Македонец, Минчо Јорданов тежи 27 милиони евра. Во „Макстил”, директно или преку други компании,тој контролира акции вредни 18,7 милиони евра. Неговите акции во „Факом” вредат 6 милиони евра, а во градежната компанија „Бетон”, има удел со вредност од 2,4 милиони евра. Во 2012 година фирмите на Јорданов имале 50 милиони евра приходи, а 730.000 евра чист профит. Тој е сопственик и на винарската визба „Стоби” во која досега има вложено над 20 милиони евра, на приватната клиника „Ремедика” и на ракометниот клуб „Металург”.

 
Сопственикот на шпедитерската компанија „Фершпед”, хотелот „Александар палас”, винарницата „Сковин” и други фирми, Штерјо Наков се најде веднаш зад Јорданов на листата најбогати македонски бизнисмени. Според „Форбс”, тој е тајкун во сенка, кој пред неколку години бизнисите им ги предал на синовите. Неговите удели во „Фершпед” вредат околу 3 милиони евра, а преку оваа фирма контролира акции и во други компании, “тешки“ 10 милиони евра. Уделот на Наков во фабриката „Европа” се проценува на 2,3 милиони евра. Неговите фирми во 2012 година имале приходи од 76 милиони евра, за разлика од 2011 година кога приходите им биле повисоки за 6 милиони евра. Сепак, и покрај намалениот бизнис, фирмите на Наков имале поголем профит лани отколку во 2011 година.
Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол” преку фирмата-ќерка, „Оилко”, ги контролира најголемиот дел од акциите во компанијата. На Берза тие вредат 5,4 милиони евра. Фирмата лани имала приходи во висина од 399 милиони евра, пет милиони евра помалку од 2011 година. СПорд „Форбс“, Јосифовски е еден од ретките бизнисмени во Македонија кој не ја крие платата од 140.000 евра годишно.

 
Свето Јаневски долги години беше директор на Пиварницата во Скопје, а неговата компанија „М6″ во 2011 година им ги продаде акциите на „Кока-Кола Хеленик” и „Хајнекен” за 34 милиони евра. Тој е сопственик на винарницата „Тиквеш”, каде поседува акции вредни 6,9 милиони евра. Годишно во „Тиквеш” се преработуваат околу 55 милиони килограми грозје и се произведуваат околу 35 милиони литри вино. Голем дел од асортиманот на винарницата е наменет за извоз, а најмногу се продава во земјите од регионот. „М6″ има акции и во „Охрид турист” со вредност од милион евра.
Според „Форбс“, петти на листата на најбогати Македонци е Живко Мукаетов, сопственикот на „Алкалоид”. Тој во „Алкалоид“ поседува акции вредни 7,3 милиони евра, а неговата сестра Билјана има акции од 5,1 милиони евра. Во последните години, „Алкалоид“ е меѓу најуспешните компании во Македонија. КОмпанијата има 13 претставништва надвор од земјата и 1.250 вработени. Приходите во 2012 година биле 110 милиони евра, компанијата секоја година бележи раст, а нејзините акции се едни од најатрактивните на Македонска берза.Зад него се сопственикот на „Фершпед“, Штерјо Наков, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, п

loading...
Loading...