Ова се преживеаните од филмот „Видимо се у читуљу“

Многумина се спасени и веќе долго време се повлечени. Други сеуште се активни во криминалните кругови.Дури 10 од 19 актери од документарниот филм „Видимо се у читуљу“(снимен во периодот од 1993-1995) преживеале и денес!
Иако во јавноста често се споменува дека единствен што преживеал е Александар Кристијан Голубовиќ, денес преживеале главно оние кои се повлекле од криминалството.
Споменувани како „жестоки момци“ тогаш прифатиле отворено да зборуваат за случувањата кои не биле достапни за медиумите. Само за време на снимањето биле убиени тројца од учесниците за време на „пресметките“ со београдското подземје.
Се започнало во текот на лудите деведесетти. Првиот кој бил убиен е Александар Кнежевиќ, на 28 октомври 1992 година во апартманот 331 во хотелот Хајат.
Потоа се  било се полошо и полошо. Се пукало со пиштоли, пушки, се фрлале бомби и сл.

 

За најуспешен може да се каже дека е Жељко Рутовиќ, кој како и во филмот и денес е неосудуван и се занимава со бизнис. Некогашните кланови денес не се веќе заедно. Судбинатата на преживеаните отишла на различни патишта. Поединци робуваат, многумина се повлекле, а ретки се оние кои и понатаму се активни во подзејмето.
Ви ги претставуваме актерите кои го преживеаа т.н. „дожд од куршуми“…

Кристијан Голубовиќ
Повеќе од една деценија ја помина во затвор во родната Германија, Италија, Грција и други земји ширум Европа. Уште како малолетник одлежал 3,5 години во Дизелдорф поради вооружан грабеж.
Моментално е осуден за поради препродавање дрога.

Жељко Рутовиќ
Член на звездарскиот клан кој во филмот ги признал своите врски со украинската мафија, но говорел и за паметниот начин на „работење“, преживеал како и во филмот така и денес, а останал и неосуден.

Драган Николиќ Гаги
Еден од водичите на групата на Петар Милошевиќ(убиен 1999), Горан Мијатовиќ Мите(убиен 2006 ) и Радослав Трлајича Бате (убиен 2000). Не криел дека се дружел со Кристијан Голубовиќ, што меѓутоа и не потрајало многу.
Моментално се наоѓа во Централниот затвор во Белград, каде издржува казна за соучесник на убиството на Жељко Ражнатовиќ- Аркан.

Ненад Бранковиќ Нена
Таканаречен повратник од војната во филмот и припадник на ѕвездарскиот клан на време се повлекол од светот на криминалот и се послетил на легалната работа.

Љубомир Манојловиќ Буцо
Член на кланот на Звездарите кои за време на филмот бил вклучен само во ситни работи, но бил пријател од детсво со жестоките момци од оваа београдска населба.

Соња Лазетиќ
Во филмот имала само 15 години. „Сакам да бидам позната, сите да ме знаат“, изјавила таа. Била мажена за Горан Марич, контроверзниот бизнисмен од Рипња, кој е убиен и запален во 2009 година. Потоа повторно се омажила за фудбалерот Никола Лазетиќ пред три години.

Предграг Владушиќ
Преживеал како учесник на неколку пукања. Уште од деведесеттите се повлекол од криминалот а познат е од филмот по повторувањето на зборот „разбираш“.
 Дури 10 од 19 актери од документарниот филм „Видимо се у читуљу“(снимен во периодот од 1993-1995) преживеале и денес!

Пронајдете не на следниве мрежи: