Ова се трите најчести изговори што мажите ги користат за да раскинат

Мораме да признаеме дека и момците се служат со женски финти…Кога станува збор за раскинување, мажите најчесто избегнуваат директен разговор и си бараат изговори за да не ја повредат партнерката, но и за да ја избегнат драмата околу раскинувањето. Едно истражување кое вклучило сингл мажи над 35 години ги открива нивните најчести изговори за прекинување на врската, а кои се целосно бесмислени.
„Проблемот е во мене, ти си совршена“: Способноста да се извлеча од врската без преголема драма на мажите некако им оди од рака, а особено кога ја преземаат вината на себе. Секако, овде пред се се работи за лажно чувство на сигурност во намерата да не ја повредат партнерката. Изговорот „Ти си супер, но јас не сум вреден“ е лажен, и со негова помош врската ја завршиле околу 24 проценти од мажите во истражувањето.

„Заслужуваш многу подобро од она што можам да ти го дадам“: За да излезат од врската без грижа на совест, мажите се спремни да се стават во положба на жртви, па така како изговор за раскинување често истакнуваат дека на партнерката не можат да и дадат онолку колку што заслужува. Раскинувањето го претвораат во прилика за нов почеток со друга, а ваков начин на прекинување на љубовта избираат 32% од мажите.
„Не сум спремен за врска“: Неспремноста за сериозна врска може да биде оправдана само во фазата кога краткотрајното дружење нема да прерасне во нешто посериозно. Но, ако сте поминале повеќе месеци во размена на најинтимни моменти, ваквата изјава е чиста лага. Мажите со овој изговор само ја потврдуваат својата несериозност и неспреност да се врзат, а експертите советуваат дека врската со таков човек е чисто губење на време и труд. Вашиот однос за него најверојатно бил само забава, а изговорот за неспремност за врска го употребиле 44% од испитаните мажи, како најбезболна опција за раскинување.Кога станува збор за раскинување, мажите најчесто избегнуваат директен разговор и си бараат изговори за да не ја повредат партнерката, но и за да ј

Пронајдете не на следниве мрежи: