Ова се трите здрави навики кои ќе ви го продолжат животот за 7 години

Новото истражување се занимавало со здравиот начин на живот, а за прв пат, научниците поврзале три здрави навики – непушење, одржување на нормална тежина и умерена консумација на алкохол – со седум дополнителни години живот.Истражувањето, објавено во Health Affairs, исто така покажало дека тие дополнителни години се најчесто поминати во добро здравје и без инвалидитет. Авторите на студијата се надеваат дека нивното откритие ќе биде повик за луѓето да ги променат нездравите животни навики. 
Со цел да ги испитаат ефектите од специфичните здравствени однесувања на долговечност, истражувачите од универзитетот во Мичиген и институтот Макс Пленк, за демографските истражувања во Германија анализирале податоци на повеќе од 14 илјади Американци, на возраст од 50 до 89 години, вршејќи испитувања за нивното здравје и начин на живот на секои две години.
Вкупно, мажите и жените во истражувањето имале очекуван животен век од 77.7 и 81.4 години. Но, луѓето кои никогаш не пушеле и имале индекс на телесна тежина помал од 30 (праг за дебелина) обично живеат четири до пет години подолго од општата популација.
Кога научниците ја вклучиле и консумацијата на алкохол, откриле дека оние кои умерено пијат – помалку од 14 пијалоци неделно за мажи и седум за жени – живееле седум години подолго од општата популација, како и тоа дека тие години во главно исто така биле поминати без инвалидитет.
“Ова откритие има импликации не само за поединците и нивните семејства, туку и за здравствениот систем во целина”, изјавил водичот на истражувањето Нел Мехта од универзитетот во Мичиген, кој овие дополнителни години живот ги нарекол “огромен бенефит”.
 Истражувањето, објавено во Health Affairs, исто така покажало дека тие дополнителни години се најчесто поминати во добро здравје и без инвали

Пронајдете не на следниве мрежи: