Заедничката фотографија на Мис Израел и Мис Либан покрена лавина од разни коментари на интернет, а Либанката мораше да им се извинува на сонародниците.Наизглед сосема обична селфи фотографија на која се наоѓаат четири девојки кои учествуваат на изборот Мис Универзум, предизвика меѓународен скандал.
Сето тоа е поради Сали Гриџ, претставничката на Либан, која се сликала со Дорон Маталон, претставничката на Израел.
Бидејќи овие две земји со години се во лоши односи, Сали беше остро критикувана од медиумите во Либан, а потоа на својата Фејсбук страна објави извинување во кое наведува дека од почетокот на натпреварот била многу внимателна и избегнувала секаква комуникација со Дорон.
Убавата Либанка исто така напомена дека само сакала да се слика со претставничките на Јапонија и Словенија, а Израелката ненадејно се појавила и сликала селфи со останатите три девојки, кое потоа го објавила на социјалните мрежи.Наизглед сосема обична селфи фотографија на која се наоѓаат четири девојки кои учествуваат на изборот Мис Универзум, предизвика меѓународен скандал