Оваа 25 годишна девојка никогаш во животот не јадела!

Манџу Дара страда од ретка болест од која живее само на течности, а нејзините родители не можат да си дозволат пари за нејзино лечење. Манџу Дара (25), Индијка од малото место во близина на Сонипат – Њу Делхи, од раѓање живее исклучиво на течности, бидејќи страда од ахалазија, ретка болест која ја спречува да јаде цврста храна.
Оваа Индијка секојдневно пие околу пет литри млеко, чај и вода и така веќе 25 години, бидејќи последици од ахалазија се отежнато голтање, болка во градите предизвикана од конзумирање на цврста храна, како и повраќање на проголтаната храна.

Багвати Дара, мајка на младата Индијка, вели дека до втората година на девојчето не забележала дека детето има пореметување, се додека во нејзината исхрана не вовела ориз и леб, поради што таа постојано плачела и била болна.
Нејзините родители имаат седум деца и поради сиромаштијата не се во можност да си дозволат специјалист кој можеби со хируршки зафат би можел да и помогне на девојката, но тие успеале да соберат пари за да купат една крава за барем да и обезбедат соодветна исхрана – потребното млеко. Манџу Дара (25), Индијка од малото место во близина на Сонипат – Њу Делхи, од раѓање живее исклучиво на течности, бидејќи страда од ахалазија, ретк

Пронајдете не на следниве мрежи: