Оваа година се убиени 52 новинари ширум светот!

Во светот во текот на 2013 година се убиени вкупно 52 новинари, што е за една третина помалку во споредба со лани, додека 211 новинари се наоѓаат во затвор, соопшти Комитетот за заштита на новинарите со седиште е во Њујорк.Конечниот биланс на жртви за 2013 сепак може да биде поголем, бидејќи околу 30 ноинари се водат како исчезнати во Сирија.
Комитетот наведе дека од вкупниот број загинати новинари, 21 се убиени во Сирија, шестмина во Египет, петмина во Пакистан, четворица во Сомалија, по тројца во Бразил и Ирак, а по двајца во Мали и Русија. По еден новинар е убиен во Турција, Бангладеш, Колумбија, Филипини, Индија и Либија.
Втора година по ред, Турција е земјата со најголем број на затворени новинари во светот, а по неа следат Иран и Кина. Во затворите во овие три земји се наоѓаат повеќе од половина од вкупно 211-те затворени новинари во светот во 2013 година. Бројот на новинари кои се наоѓаат зад решетки во Виетнам од ланските 14 пораснал на 18.
– Вознемиравачки е растот на бројот на осудени новинари во земји како што се Виетнам и Египет, оценува Комитетот.Конечниот биланс на жртви за 2013 сепак може да биде поголем, бидејќи околу 30 ноинари се водат како исчезнати во Сирија.
Комитетот наведе

Пронајдете не на следниве мрежи: