Оваа Струмица е пред или откако ги иструга споменобележјата?

Оваа Струмица е пред или откако ги иструга споменобележјата, м? Да не беше обесено и за време на интервјуто од спротива?Во интервјуто за најголемата приватна бугарска телевизија премиерот Зоран Заев по кој знае кој пат продолжи со негирање на македонската историја.
На прашањето на водителот дали во Македонија во учебниците пишува дали Бугарите се фашистички окупатори, Заев вели дека не пишува таква работа, но и да има тоа треба да се смени.
-Мислам дека во минатото во некои учебници имало таква работа. Пишувало фашистичкиот бугарски окупатор но во модерната историја во Македонија пишува само за фашизмот, а не пишува за нациите како фашисти или окупатори или нешто слично, вели Заев.

На прашањето дали историчарите ќе ги менуваат учебниците и фашизмот нема повеќе да се спомнува Заев вели дека во духот на пријателството ова мора да биде некаде исправено заради тоа што постоеле различни луѓе кои добивале дозволи и ги пишуваат учебниците.
Заев исто така посочува дека промените со историјата настанале уште пред да се потпише договорот со Бугарија кога во времето кога тој бил градоначалник во Струмица почнал да го менува плочите каде што било пишано за бугарскиот фашистички окупатор.
-Во Струмица имаше една плоча на која пишуваше: Тука загина еден наш јунак од бугарски фашистички куршум. Тоа е избришано и е напишано од фашистички куршум. На пример уште многу години пред да биде договорот додека бев градоначалник на Струмица, посочува Заев.

За да биде комплетна сликата со негирањето Заев го даде примерот со Цар Самоил каде одби да каже од каде потенува и потенцираше дека Цар Самоил не е ниту Македонец ниту Бугарин туку тој бил син на Господ.

Заев ги направи Делчев и Сандански бугарски херои
Заев во интервју за Бугарската национална телевизија – БТВ истакна дека македонските херои Гоце Делчев и Јане Сандански се подеднакво и бугарски.
На забелешката на водителот дека зад нив се наоѓа споменикот на Гоце Делчев, а гимназијата се вика Јане Сандански, Заев  потенцираше дека и покрај почитта кон нив во Македонија, Делчев и Сандански  не се само македонски херои туку се дел од заедничката историја.
Со ова се потврдува односот на Заев ко македонската историја и херои и неговата решеност да се откаже и промени македонската историја.

Ваквите ставови на Зоран Заев се на линија со ултранационалистот Каракачанов кој среде Скопје изјави:
– Нема зошто да го делиме Гоце Делчев. Тој е херој на еден народ. Тој или Даме Груев или многу од спомениците во Скопје, ако човек прочита што напишале, ќе разбере дека нема што да делиме – „Што да правиме кога сме Бугари“. Нема што да разговараме, кога тој самиот напишал што е. И Гоце Делчев и Даме Груев, нема зошто да ги делиме кога си напишале самите што се.
 
 Во интервјуто за најголемата приватна бугарска телевизија премиерот Зоран Заев по кој знае кој пат продолжи со негирање на македонската историја.

Пронајдете не на следниве мрежи: