Иако Ребека Марин била една од најубавите девојки во средно училиште, суровите врсници не и давале мир и постојано ја задевале бидејќи е родена без рака. Тогаш 14-гоишното девојче се повлекло во себе и се откажала од спортските активности и социјалните случувања. Но сега, 13 години подоцна, оваа убавица станала успешна манекенка и им докажала на сите дека нејзиниот инвалидитет не мора да биде непремослива препрека.Иако успеала да се пробие во светот на манекенството, Ребека не сака да биде уште едно убаво лице. Таа има многу попаметни цели.
„Мојата мисија е да докажам дека модели од сите облици и величини можат да бидат прифатени. Се надевам дека мојата приказна ќе инспирира и други луѓе, да не дозволат нивниот инвалидитет да ги спречи во нешто“, вели таа.
Ребека влегла во светот на модата на 22 години откако добила протетичка рака. Пријателките ја убедиле да се обиде, и успеала. На почетокот се сликала само со вештачката рака, но еден фотограф и предложил да ја слика без раката. Сега Ребека главно се слика без вештачката рака.
Редовно ја ангажираат и се надева дека ќе потпише договор со една од поголемите агенции за модели. И тврди дека нејзината рака воопшто не е препрека.
„Искрено она што најмногу ми пречи не е мојата рака туку висината, висока сум само 160 см.“
Ребека се труди да биде во контакт со млади девојки кои исто така имаат инвалидитет, и да ги поттикне да се трудат да ги остварат своите идеи. Таа се занимава и со мотивационо зборување и на тој начин ги инспирира луѓето. А траумите од средно училиште одамна ги заборавила.Иако успеала да се пробие во светот на манекенството, Ребека не сака да биде уште едно убаво лице. Таа има многу попаметни цели.
„Мој



