Оваа жена ја чува тајната на Фреди Меркјури

Фреди Меркјури, и денес еден од омилените пејачи на сите генерации, оставил точни и специфични инструкции што ќе се случува со неговото тело и наследство по неговата смрт – телото да биде кремирано и урната да ја добие Мери Остин, жената за којашто велел дека е најголемата љубов во неговиот живот, пишува Hybread.Поранешната свршеница на Меркјури, со којашто поминал пет години во врска, преку тестамент добила обврска да се погрижи за пепелот и никогаш да не се дознае каде е или што направила со него. Таа успеала да ја оправда неговата доверба, и оваа тајна ја сочувала дури и од родителите на Фреди, ама и од неговиот последен долгогодишен партнер, Џими Хатон. Всушност, до денешен ден, никој освен неа не знае каде се наоѓа урната со пепелот на легендарниот пејач на групата Квин.
Фреди и Мери се запознале на почетокот на седумдесеттите години минатиот век и биле заедно пет години. Секој заминал на своја страна кога Фреди се запознал со продуцент од американската компанија „Електра рекордс“ и започнал романтична врска со него. И покрај ова останале блиски и Фреди ја сметал за својата најдобра пријателка.
 Иако во 1985 година Фреди ја започнал својата втора долга врска, овој пат со фризерот Џим Хатон, со кого живеел до смртта, Мери е таа што го наследила неговото богатство – имотот вреден 20 милиони фунти во западен Лондон и 9 милиони фунти во пари.Поранешната свршеница на Меркјури, со којашто поминал пет години во врска, преку тестамент добила обврска да се погрижи за пепелот и никогаш да не

Пронајдете не на следниве мрежи: