ОВИЕ 11 ЗНАЦИ покажуваат дека сте попаметни од просечна личност

Научниците се обидувале да пронајдат начин со кој ќе се измери интелигенција стотици години, и IQ тестовите беа  одличен начин за да се направи тоа.Сепак тестовите за интелигенција добија критика дека тие мерат само еден аспект на интелигенцијата.
Но, ние ви носиме 11 други начини кои покажуваат дека сте попаметни од просечните.
1. Зборувате повеќе од 1 јазик
Студиите покажале дека зборувањето на повеќе од еден јазик може да ја намали стапката заболување од Алцхајмерова болест. Тоа исто така влијае на развојот на мозокот и ефикасноста. Колку повеќе јазици зборувате, толку поефикасен ќе биде вашиот мозок.
Tom Hiddleston, AKA Loki, зборува 9 јазици вклучувајќи ги: Англиски, Шпански,Француски и Грчки.
2. Имате повисоко IQ од 100
Просечниот коефициент на интелигенција во Велика Британија е 100. Иако, како што спомнавме погоре IQ  е само една мерка на интелигенцијата, но се уште може да се користи како индикатор.

3. Вие сте најстарото дете
Да, конечно да се биде постар е добро за нешто!
Една студија покажа дека постарото дете добива повисоки резултати на тест за интелигенција во просек за 3 поени отколку неговиот/нејзиниот помал брат или сестра. Ова не се генетски појави туку е поврзано софамилијарната интеракција во домот.
4. Сакате мачки
Луѓето кои сакаат мачки помалку се социјализираат но истражувачки труд спроведен на 600 студенти покажа дека 11 отсто од луѓето кои преферираат мачки, наместо кучиња, покажале повисоки резултати на тестовите за личност и интелигенција.
5. Пиете алкохол
Повеќето студии ја поврзуваат високата интелегенција со луѓето кои пијат повеќе алкохол од просечните. Попаметните деца како раснат стануваат поголеми „пијачи“ од нивните врсници.
6. Имате завршрно високо образование
Само 35% од работоспособното население во Велика Британија (16-64 години) имаат постдипломски студии. Повеќето се запишуваат на факултет но не го завршуваат истиот.

 

7. Левучар сте
Левучарите го сочинуваат околу 10 отсто од населението во светот, и додека сите се двоумат, постојат студии кои покажуваат дка левучарите имаат подобри когнитивни способности.
8. Се грижите
Очигледно, ако повеќе се грижите, тоа и не е толку лоша работа. Еден истражувач побарал од  126 студенти да пополнат прашалник за тоа колку често размислуваат длабоко за нешто што ги вознемирува и наодите покажале дека оние кои повеќе се грижат и размислуваат, покажале повисоки резултати во вербална интелигенција од оние кои не го прават тоа.

9. Имате смисла за хумор
Една студија за тоа како гледаме на атрактивноста, покажува дека луѓето кои се повеќе забавни и посмешни, оние кои имаат добра смисла за хумор се поатрактивни од останатите.
10. Мрзеливи сте
Истражувачите на Florida Gulf Coast University дошле до резултати дека интелигентните луѓе се многу подосадни од останатите. Тие можат да седат со часови сами да се забавуваат мислејќи, изгубени во мислите. Во споредба со оние кои посетуваат фитнес и така го трошат слободното време, истражувачите откриле дека овие кои повече размислуваат и се губат во своите мисли се поинтелигентни од другите.
11. Се сомневате во вашата интелигенција
Здрава доза на сомнеж во себе всушност покажува дека сте поинтелигентни. Старогрчкиот филозоф Сократ рекол: Единствената вистинска мудрост е да знаеш дека ништо не знаеш.
Данинг-Кругер ефектот од страна Џастин Кругер, во 1999 забележува дека интелигентните луѓе многу полесно можат да ги пронајдат и поправат своите грешки. Сепак тестовите за интелигенција добија критика дека тие мерат само еден аспект на интелигенцијата.
Но, ние ви носиме 11 други начини кои п

Пронајдете не на следниве мрежи: