Овие 19 тотално неромантични знаци покажуваат дека сте ја нашле сродната душа

Некои од нив веројатно ќе ве насмеат, но замислете дека овие работи ги правите со некој друг, и веднаш ќе ви стане јасно зошто се на листата.1-Обожувате да ги правите заедно најздодевните работи, како купувањето, плаќањето сметки и слично.
2-Повеќе се забавувате кога јадете нарачана храна на троседот отколку кога излегувате во ресторан со 5 ѕвездички.
3-Една од омилените работи ви е тоа што кога сте заедно можете да јадете што сакате без да се грижите за тоа дали изгледате добро.
4-Уште повеќе се вљубивте откако го видовте саканиот/саканата како спие со отворена уста.
5-Не ви пречи да ви го види лицето додека спиете.
6-Си се допаѓате еден на друг кога сте дотерани, но омилени сте си во старите скинати маички и фармерки.
7-Ве тера да излезете кога ви е потребно, и обратно
8-Не ви е потребно јавно докажување на нежност. Повеќе се забавувате кога седите и гледате во нешто за кое само вие си знаете што ви е смешно.
9-Ве поттикнува и охрабрува, но и одбива да ви попушта.
10-Оторено можете да разговарате за телесните функции и да се смеете за нив.

11-Си имате свој јазик, вистински или измислени реченици кои имаат посебно значење за вас двајца.
12-Некои од прекарите со кои се нарекувате меѓу себе воопшто немаат врска со класичните „драг“ или „љубов моја“. Наместо тоа, се нарекувате еден со друг „лудак“, „вештерка“ и тоа ви се допаѓа.
13-Кога партнерот ќе се разболи, ништо не ви е тешко бидејќи сте посветени на грижата за него.
14- Можете јавно да си кажете еден на друг кога сте здодевни или напорни и да се смеете.
15-Можете да седите и молчите без да се чувствувате чудно.
16-Никогаш нема без него или неа да погледнете некоја епизода на омилената серија што секогаш заедно ја гледате.
17-Ви го купува омиленото колаче наместо цвеќе и не би го менувале тоа за ништо.
18-Успева да ве насмее и во тешки и неприкладни ситуации.
19-Попрво би се излежувале со него/неа цел ден, отколку да одите на супер журка со било кој друг.1-Обожувате да ги правите заедно најздодевните работи, како купувањето, плаќањето сметки и слично.
2-Повеќе се забавувате кога јадете нарач

Пронајдете не на следниве мрежи: