Овие 3 хороскопски знаци се КОМШИИ ОД ПЕКОЛОТ!

Не ви се во домот но секојдневно ви го загорчуваат животот бидејќи само ѕид, врата или кат ве делат. Откријте меѓу кои хороскопски знаци најчесто се кријат изроди од комшии.Лав
Штом ќе си дојде дома толку силно ја треска вратата, па се слуша од внатре: „Ајде да видиме кој е овде најсилен?“ Никој не сака да се задева со него, а низ зградата кружат муабети дека на комшијата од 7ми кат му го скршил колкот само затоа што не му отстапил паркинг место. Благодарение на него цела зграда ги знае сите турбофолк хитови, а никој не смее да го пријави.
На сите им ја треска вратата од лифтот пред нос, дури и на комшиката која држи две мали деца и 3 ќеси. На тинејџерката компика мангупски и намигнува и и ја покажува најновата тетоважа на бицепсот, а ѓубрето редовно го фрла од тераса. Нормално чвор на кесата никогаш не врзува па се се растура по другите тераси.
Кога баш ќе му се здосади, наутро знае на сите да им заѕвони на интерфон и да „умре од смеа“ кога ќе им ги слушне поспаните гласови на соседите и некое расплакано бебе во позадина.

 
Девица
Таа е самоповикана претседателка на куќниот совет. Иако тоа никој не го барал од неа, умее да заработува од собирање пари од влезот за чистење. Во оваа активност и поминува половина ден, бидејќи кај секоја отседнува малку да одмори, само за да види која комшика што готви, дали има прашина и што ново си купила.
Штом ќе заврши кај една, продолжува кај друга и пренесува трачеви. Таа најдобро знае кој колку пати фрлил ѓубре, кој од кое семејство е најагилен во однос на тоа прашање.
Во главно живее на приземје или на пониските спратови па нејзиното секогаш будно око прати кој кого навечер носи и враќа и кој со кој „се љубака“. Ако излезе дека не е истиот тип од претходнота вечер веднаш разгласува за неморалното однесување на младината. Порано постојано дремеше на „шпиунката =“ за да види кој со кој се движи низ зградата, но бидејќи страда од проширени вени сега ужива од фотелја да гледа што снимили камерите од видео надзорот од повеќе агли.

 
Јарец
На прв поглед делува многу урбано но набрзо ги покажува забите. Млад бизнисмен во развој, за кој никој не знае како дошол до парите, најпрво сака од станот да направи нешто до сега невидено. Тоа значи сите станари да се будат од звуци на бургија, и плука како да се наоѓа на сред градилиште. После 4 месеци сите земаат оддишка и мислат дека агонијата конечно завршила. Тоа што ќе го дознаат подоцна е дека во секоја зграда во окружувањето живее барем по еден негов роднина, кум или другар па тие од тераса се довикуваат како од брдо на брдо, нормално на дијалект. Контејнер му е непознат поим, но тој своето ѓубре го лансира на тераса и веќе долго време уредно го реди пред својата влезна врата од станот. Ако не го фрли некој од комшиите цела зграда ќе засмрди.
Тој смета дека супер се вклопил во вашето соседство и исклучително е дружељубив, па ве повикува да навратите во дворот на зградата. Причина? Татко му му испратил јаре или свинче па смета дека тоа треба да го сврти на скара и сите да се почастите. Тоа што некој спружил штотуку перени гаќи во круг од 500 метри нема баш никаква врска. Лав
Штом ќе си дојде дома толку силно ја треска вратата, па се слуша од внатре: „Ајде да видиме кој е овде најсилен?

Пронајдете не на следниве мрежи: