Толку многу има дволични и злобни луѓе, што наивноста често е ретка особина кај луѓето, меѓутоа овие 3 знаци баш претеруваат со тоа што лесно можат да му поверуваат на секој.Бик
Бидејќи се многу тешки за меѓучовечки односи, осаменоста може да биде главна причина припадниците на овој знак да потпаѓаат на измами.
Многу се внимателни кога станува збор за трошење пари на било што, што се рекламира, но затоа делат насекаде кога ќе помислат дека некој им е пријател или потенцијален љубовен партнер.
Заљубениот бик не прашува колку чини. Ви требаат 1000 евра да решите некој лош животен проблем. Бикот без проблем ќе ви ги даде само ако знае дека кон него имате некои посебни емоции и ако му ветите дека парите ќе му ги вратите. Тоа што се познавате кратко време не е никаков проблем.
Кога неговиот/та драг/а ќе „збрише“ со парите и повеќе никогаш нема да се јави, на најтежок можен начин ќе сфати дека е измамен. Сепак биковите добро учат од искуства, па нема истата грешка да ја повторат два пати. Така барем тие мислат.
Два пати за да наседнат на истата фора, потребно е само секој следен пат, лагата да ја замотате во поинаква амбалажа.
Вага
Верувале или не, знакот кој најмногу ги мери и проучува ситуациите и луѓето, сепак често паѓа на измама. Овие луѓе малку „доцна палат“.
Со која и да е приказна, ако им затропате на врата тие ќе ја прифатат истата, само потребно е да ги забрзате и да не му дадете простор на нивниот детективски ум да сфати во што е суштината. Вагите претставуваат вистински „овчички за стрижење“.
Ќе сфатат дека се измамени, но дури утре, кога веќе ќе биде доцна. Нивната способност да проникнуваат во длабочините само ќе им овозможи некој искусен и вешт продавач да им продаде „мачка во џеб“ – бескорисна глупост за која подоцна ќе се каат.
Склони се да проголтуваат било какви ветувања од страна на политичарите, веруваат во секакви вести кои ќе се појават на интернет, а додека тие соберат доволно информации да ја откријат вистината, штетата е веќе направена.
Риби
Бидејќи поголемиот дел од животот го поминуваат во некаква само на нив позната паралелна реалност, во свој свет каде важат сосема поинакви правила, рибите секојдневно се ранливи на измами кои и едно дете понекогаш може да ги надмине.
Најголеми наивници се кога станува збор за понуди за лесна и брза заработка или големи пари преку ноќ, бидејќи тоа е нешто за кое тие мечтаат. Парите и тоа како им се потребни, но немаат намера да вложуваат многу труд и време во работа. Едноставно немаат чувство за штедење.
Лотарија, слот машини, рулет….како да се створени за нив. Интернет работа од дома, примамливи измами се како смислени за ваквите наивници, кои мислат дека животните проблеми се решаваат со обрт на пари или со неколку кликови.
Во главно завршуваат така што своите тешко заштеди пари ќе ги потрошат на жетони, кредит поени, додека некој друг задоволно си ги трие дланките. Им треба по неколку месеци за да го сфатат трикот, а се обидуваат на сите пријатели да им ја продадат приказната за лесно стекнато богатство која сами ја проголтале.
Бик
Бидејќи се многу тешки за меѓучовечки односи, осаменоста може да биде главна причина припадниците на овој знак да потп



