Овие актерки се сега меѓу најбогатите личности во светот, но не знаете низ што се поминале за да постигнат успех!

Колку и да изгледа примамливо, Холивуд може да биде многу сурово место. Тој го мери секој грам, секоја брчка, секоја неправилност. Поради сите строги критериуми, многу талентирани девојки никогаш не стигнале на црвениот тепих, но за некои кои продуцентите тврделе дека биле премногу грди за да бидат успешни, ги натераа горко да се покајат.Колку и да изгледа примамливо, Холивуд може да биде многу сурово место. Тој го мери секој грам, секоја брчка, секоја неправилност. Поради сите строги критериуми, многу талентирани девојки никогаш не стигнале на црвениот тепих, но за некои кои продуцентите тврделе дека биле премногу грди за да бидат успешни, ги натераа горко да се покајат.
Сара Џесика Паркер

Во серијата „Сексот и градот“ ги скршила срцата на сите, но во реалноста Сара  беше далеку од неодолива заводничка. Така барем кажуваа уредниците на магазинот за мажи, кои ја прогласија за една од најгрдите актерки, а во 2007 година од страна на списанието „Максим“ ја донесе титулата за најмалку секси жена на сите времиња. Кога ја зеде непријатена титула, Сара се огласи јавно и одговори дека „не е убаво да се каже нешто такво за една жена.“ Дефинитивно е во право, но тоа не ги спречи сличните коментари кои се` уште ја пратат. И покрај сите контроверзии, Сара успеа да освои четири Златни глобуси, една Еми, титула за планетарна стилска икона и официјално е една од најбогатите личности.
Мерил Стрип

Мерил е таква легенда да на самото спомнување на нејзиното име, кај многумина се измамува насмевка, но кога се појавила на аудицијата за големиот хит на 80те „King Kong“, познатиот режисер Дино де Лаурентис не беше ни малку воодушевен. Мерил стоеше покрај својот син на сцената кога Дино на својот мајчин јазик дофрлил „Зошто ми ја донесовте оваа грда работа?“. И Мерил имаше што да каже. Со течниот италијански јазик, таа рече: „Се извинувам, дали сакате да кажете дека не сум доволно убава за да бидам во Кинг Конг?“.
Тоа не се случило само еднаш за Мерил да мора да се соочи со одбивање за својот изглед, но сега веруваме дека сите оние кои ја одбиле поради тоа што била „премногу грда“ имаат горчливо каење. Мерил дури деветнаесет пати беше номинирана за Оскар, освои три од седум награди на Златен глобус, две Еми, една канска Златна палма, една златна и една сребрена мечка и две награди од БАФТА, а Американскиот филмски институт во 2004 година и` ја додели наградата за животно дело.

Ана Кедрик

Уште од  средно училиште ја бие глас дека не била доволно убава, а тоа мислење го споделија и гледачите на „Самрак сага“, за што дури и на Фејсбук се започна петиција барајќи да и се одземе улогата, поради нејзиниот изглед. Неколку стотици луѓе бараа нејзино заминување, но тоа не се случи. Покрај улогата во „Самрак сага“, Ана има играно во неколку хит филмови, а за филмот „Ни на небо, ни на земја“  беше дури и номинирана за Оскар за најдобра споредна женска улога.
Леа Мишел

Леа имаше само 15 години, кога филмските агенти бараа од нејзе да го оперира носот затоа што мислеле дека тоа ја прави погрда. Нејзината мајка тоа не и` го дозволила на нејзината ќерка, повторувајќи дека Барбара Стрејзенд исто имала грд нос, но и голема кариера. И таа беше во право. Леа можеби никогаш нема да може да стане толку голема ѕвезда како Барбара, но веќе позади себе има номинација за Еми наградата и Златен глобус за нејзината улога во хит серијата „Glee“.
Минди Калниг

Симпатичната комичарка со индиско потекло, денес е петта најплатена телевизиска актерка со заработка од 5.6 милиони долари годишно. Но, на патот до славата, Минди излегуваше на крај со крајно злобни коментари на сметка на нејзиниот изглед. Колку е убавината важна во Холивуд покажува и понудата на една продукциска куќа, која и даде на Минди да направи свое шоу, но под еден услов. Минди во улога на водителка и автор на емисијата, требала да ја замени некоја атрактивна девојка. Беше распишана и аудиција, но актерката го одби тој предлог. Колку и да изгледа примамливо, Холивуд може да биде многу сурово место. Тој го мери секој грам, секоја брчка, секоја неправилност. Поради сите стро

Пронајдете не на следниве мрежи: