Овие луѓе биле опседнати со демони!

Loading...

Веќе долго време се знае дека демоните кои ги опседнувале луѓето не се само митови туку сурова реалност. Демоните го превземаат телото на „домаќинот„ , го изобличуваат неговиот глас, зборуваат на неразбирлив јазик, имаат нагли движења и така натаму. 1.Анелиз Мишел (1976)
Анелиз Мишел е германка одгледана во строго католичко семејство која била многу посветена на својата вера. Нејзината посветеност дури и значително го поминала  прагот на вообичаената религиозност. За време на зима таа спиела врз голи штици за да ги искупи гревовите на свештениците и на зависниците од дрога. Покрај тоа, таа страдала од епилептични напади почнувајќи од нејзината шеснаесетгодишна возраст. Се чинело како Бог да ја казнувал и покрај нејзината посветеност.

Набргу, нејзините сомнежи се потврдиле кога и се јавиле гласови коишто и кажале дека таа е проколната. Гласовите биле проследени со халуцинации додека таа се молела. Иако сето тоа на почетокот се припишувало на нејзината епилепсија, нејзиното однесување станувало се почудно и почудно како што минувало времето. Младата девојка почнала да јаде јаглен, пајаци, а исто така ја лижела и својата сопствена урина.
По аџилакот на кој што била со некоја друга жена, кога Анелиз не можела да помине крај икона со Исус,  од страна на останатите верници било утврдено дека таа била опседната од демон.  Бил повикан егзорцист за да се обиде да го истера демонот надвор од неа.
Тоа продолжило за период од речиси цела година, во комбинација со психијатриски третмани. На крајот Анелиз избрала да се потпре единствено на егзорцистичките сеанси наместо на било какви медицински третмани. Се покажало дека тие сесии не помогнале многу, и на 1. Јули 1976 година, Анелиз починала во сон. Аутопсијата покажала дека причината за нејзината смрт била – изгладнетост; за време на егзорцизмот Анелиз одбивала да јаде, одбирајќи да умре и така да се помири со својата чудна младост.
Филмот „Егзорцизмот на Емили Роуз“ е снимен според случајот на Анелиз Мишел.
2.Мајкл Тејлор (1974)
Живеејќи во малото британско градче Осет, на Мајкл Тејлор му се посреќило да биде опседнат од демон. Според известувањата на свештеникот кој го изведувал ритуалот на егзорцизам, тој бил опседнат од дури повеќе од четириесет демони.
 
Сопругата на Тејлор се сомневала дека тој можеби бил во љубовна врска со врскиот водач. Без оглед на тоа дали нејзините сомнежи биле точни или не, тој имал серии на насилни избувнувања со свештеникот, што довело до истражување на неговиот случај. Според него, тој го чувствувал присуството на злото во него. Поведувајќи се по неговите зборови, свештеници од целата земја се собрале за задно да ги истераат демоните. Во октомври 1974 година од телото на Тејлор биле истерани четириесет демони. И покрај тоа, сепак и понатаму нешто не било како што треба.
 
Свештениците биле исцрпени од дводневниот ритуал и му дозволиле на Тејлор да се врати дома за тие да можат да се одморат. Сепак, тие го предупредиле дека тој се уште е опседнат од неколку демони, од коишто едниот бил демонот на убиството. Тејлор на тоа најверојатно реагирал со „како, како?!“ одмавнувајќи со рака, и потоа мирно си заминал кон својот дом.
 
Штом стасал дома, тој ја убил својата сопруга и семејното куче. Полицијата го нашла човекот како стои гол на улица сиот покриен со крв. На крајот бил прогласен за виновен и за луд.
 
3. Роби Менхејм
Роден како син единец, Роби Менхејм своето детство го минувал во друштво на неговата тетка Хариет наместо со други деца. Хариет била спиритуалист и посветена на католичката вера до таа мера што веројатно ја читала Библијата и со затворени очи; нејзината омилена активност со нејзиниот внук била воспоставувањето врска со духови преку табла за повикување духови. А таквите активности вообичаено не завршуваат добро. Особено за децата.
 
На Роби набргу тоа му станало омиленото хоби, и по смртта на неговата тетка тој се обидел да воспостави врска со нејзиниот дух со помош на таблата, што резултирало со серија натприродни настани, каде и да се појавел. Предметите започнувале да се придвижуваат или да лебдат во воздух, се слушале мистериозни гласови, вратите чкрипеле, а на неговата кожа почнале да се појавуваат врежани зборови. Лекарите не можеле да ја откријат причината на тоа. Како што медиумите почнале да ја шират веста, зборот „опседнатост“ почнал да се спомнува се почесто и почесто. Врз него бил започнат ритуал на егзорцизам, но набргу бил прекинат бидејќи Роби го повредил свештеникот доволно сериозно за да мораат да му стават конци. Кога се вратил дома, тој и неговото семејство биле преплашени кога ги забележале зборовите „Сент Луис“, кои што на необјаснив начин биле врежани на неговите гради. И сосема очекувано, набргу се нашле на пат.
 
По пристигањето во Сент Луис бил приреден егзорцистички чин со три свештеници. За време на ритуалот Роби физички ги нападнал свештениците, додека низ собата се случувало вистинско полтергејст лудило. Еден од демоните одговорил дека тие ќе го напуштат телото на Роби единствено ако тој ги изговори вистинските зборови. По триесет сеанси Роби ги изговорил зборовите „Христус, Домини“, по што се слушнал силен звук, и тој почнал да се однесува нормално. Според овој настан подоцна бил снимен филмот „Егзорцист“.
 
4. Клара Сил (1906)
Останувајќи сираче на млада возраст, на Клара Сил секако дека и требала родителска фигура во нејзиниот живот која што ќе ја учи како да разликува добро од лошо. Тоа водство кое што и недостигало особено и било потребно во нејзините адолесцентски години, бидејќи на шеснаесет години решила да склучи договор со Сатаната лично. Бидејќи никогаш немала прочитано духовни книги, таа верувала дека тоа партнерство би било полн погодок и вистински успех.
 
Според некоја локална калуѓерка, Сил можела да разбере неколку јазици коишто таа никогаш не ги учела ниту пак воопшто се сретнала со нив порано, а исто така можела и течно да ги зборува истите. Исто така покажала способност и за јасновидост, бидејќи можела да си припомни на мисли и дела на луѓе коишто никогаш не ги сретнала. Сомнежите дека е опседната од демони наводно се потврдиле кога таа почнала бесно да напаѓа калуѓерки.
 
Најпрвин се сметало дека девојката била умоболна. Како и да е, некои луѓе тврделе дека ја виделе како лебди во воздух, а тоа било сосема доволно за локалните свештеници да се соберат и да извршат егзорцистички ритуал врз кутрата девојка. Се открило дека кога ќе ја испрскале со света вода, таа би почнала да се однесува нормално, но само за кратко време. При почетокот на ритуалот таа постојано му ја исфрлала Библијата од раце на свештеникот којшто ја водел сеансата, и се обидела да го задави. По само два дена, демонот бил избркан, и Клара била излекувана.
Извор: iluzionist.com.mk
  1.Анелиз Мишел (1976)
Анелиз Мишел е германка одгледана во

loading...
Loading...