Легендарниот британски комичар Бени Хил, буквално „владееше“ на малите екрани во 70-те и 80-те години. Неговиот хумор и препознатливите скечеви засмејувале многу генерации. Тој починал во 1992 година во изнајмен стан во Лондон, сам и заборавен од сите, а според пишувањата на британските медиуми, никогаш немал ниту едно сексуално искуство.Алфред Хоторн, попознат под прекарот Бени Хил, е роден во 1924 година во британскиот град Саутемптон. Како дете, Хил сакал да настапува во училишните претстави, а еднаш изјавил дека на неговиот омилен актер од детството, Чарли Чаплин, му должи голема благодарност зашто го инспирирал да стане ѕвезда. Тој имал шанса да се запознае со Чарли Чаплин и бил негов приватен гостин во Швајцарија.
Откако го напуштил училиштето, Хил имал неколку работни места: работел како млекар, оператор на подвижен мост, возач, а дури бил и тапанар во еден бенд. Неговата огромна желба за настапување на крајот го довела до тоа да стане помошник на сценски режисер.
За време на Втората светска војна, тој работел во ноќни клубови и на различни модни и музички ревии. По војната, тој се појавувал и како радиски изведувач. Одлучил да го смени името во „Бени“, според името на комичарот Џек Бени. Официјалната кариера на телевизија ја започнал во 1955 година на ВВС, а неговото шоу со мали прекини траело сѐ до 1969 година, кога одлучил да премине во друга телевизиска куќа.
Откако соседите не го виделе неколку дена, решиле да повикаат полиција. Комичарот бил пронајден мртов во фотелјата, пред запалениот телевизор.
Година дена пред смртта, тој имал најавено дека имотот ќе им го остави на двете обожавателки кои боледувале од церебрална парализа, но тоа никогаш не го внел во тестаментот. Со оглед на тоа дека Хил зад себе не оставил наследник, неговиот имот од околу 7,5 милиони фунти судски им бил доделен на неговите роднини.
Тој запросил две жени во текот на животот, но и двете ја одбиле неговата понуда. На крајот, според наводната анализа на неговиот ракопис – тој никогаш не бил со жена, починал невин.
Алфред Хоторн, попознат под прекарот Бени Хил, е роден во 1924 година во британскиот град Саутемптон. Како дете, Хил сакал да настапува во училишни


