Тркалото на животот е најкраток личен тест кој го користат многу психолози, а е генијална алатка за брзо визуелно прикажување за тоа како ви оди во осумте најважни аспекти на животот.Тестот трае околу 1 минута, а визуелно ќе ви покаже колку добро оди вашето тркало на животот, односно колку сте избалансирани, кои ви се силни страни и на што треба повеќе да работите во животот.
Животот на секој човек се состои од 8 најважни сегменти: љубов (во романтичен смисол), кариера (работа, креативен и интелектуален напредок), личен развиток (психолошки развиток, емоции, духовност), здравје, односи (пријатели, семејство), хоби, забава и релаксација, животен стил (живеење, благосостојба, квалитет на животот и околината), пари…
Сите знаеме колку е важно да се одржува рамнотежа во сите насоки во животот, инаку може да дојде до акумулирање на стрес, потиснување, негативни емоции, кои со време можат да доведат до проблеми во односите, депресија и болест.
Како функционира овој тест?
Земете лист хартија, нацртајте ја (или испринтајте) сликата со кругот која ја гледате погоре.
Оценувајте го своето задоволство со секој свој сегмент на животот за изминатиот период од животот (месец, 6 месеци, година…) на скала од 1 до 10.
Потоа спојте ги точките (оценките) со линија на тркалото на живот и погледнете која форма сте ја добиле.
Дали е тоа голем правилен круг, коцка или некојa чудна форма?
Значи, визуелно ќе добиете свое лично „тркало на животот“, а заедно со него и разбирање на што треба да подарите повеќе внимание. Очигледно, се тежнее да се добие што поправилен и поголем круг.
Не очајувајте ако кај вас ни на една скала нема оценка 10 или ако не сте добиле голем правилен круг, туку некој мал квадрат или било што. Тоа е почеток на вашиот подобар живот.
Психолозите уверуваат дека со редовно анализирање на ова тркало, односно со подигнување на свеста за квалитетот на сите 8 аспекти од вашиот живот, можете да направите брз напредок и вашето „тркало на животот“ ќе стане потркалезно, поголемо и ќе се врти како подмачкано.
Правете ја оваа вежба секој месец за визуелно да го следите својот напредок.Тестот трае околу 1 минута, а визуелно ќе ви покаже колку добро оди вашето тркало на животот, односно колку сте избалансирани, кои ви се силни стра