Озил со порака до навивачите на Реал Мадрид

Веќе поранешниот член на кралскиот клуб а сега новајлија во тимот на Арсенал, Месут Озил, испрати порака до сите фанови на кралскиот клуб.На официјалниот фејсбук профил на германскиот интернационалец излезе порака до навивачите на Реал Мадрид, каде тој се збогува со нив на мошне фер и коректен начин.
„Драги навивачи на Реал Мадрид,
Ви благодарам многу за овие прекрасни три години кои ги поминавме заедно. Времето кое го минав во Реал Мадрид беше единствено и посебно за мене. Понекогаш работите се одвиваат на сосема поинаков начин отколку што можев да очекувам само неколку денови претходно. Заминувам од Реал Мадрид, ви посакувам на вас, и на клубот се најубаво во иднина.
Сега одам во нов клуб, Арсенал!!!“ беше пораката на Озил на својот фејсбук профил до навивачите на Реал Мадрид.
Трансферот на Озил во Арсенал го чинеше англискиот премиерлигаш 42 милиони фунти.
На социјалните мрежи веќе на големо од страна на навивачите на Реал Мадрид се објавуваат критики кон управата на кралскиот клуб која дозволила еден од најдобрите фудбалери на овој тим да си замине.На официјалниот фејсбук профил на германскиот интернационалец излезе порака до навивачите на Реал Мадрид, каде тој се

Пронајдете не на следниве мрежи: