Саша Видиќ е моден креатор кој не се двоуми да го искаже своето мислење за стилот на естрадните личности. Како што многу пејачки „ги зави во црно“ со своите коментари, Саша тврди дека во повеќето случаи тој е добронамерен, но дека тие, едноставно не сакаат да ја прифатат критиката. Тој ни овој пат не бирал зборови кога го опишувал стилот на Радмила Манојловиќ, Стоја и Драгана Мирковиќ, додека најлошо минала Дара Бубамара.
„На Дара Бубамара ѝ нема спас, нејзе би морал да ѝ извадам се, од силикони до полови болести, па дури потоа да ѝ го средувам стајлингот. Таа е како плодно тло за бактерии. Се обидов да работам со Вики Миљковиќ, но и нејзе ѝ нема помош. Би ја средил, да речеме, Јелена Костов, таа има прекрасно тело, но би а облекол потполно поинаку, поурбано“, вели креаторот.
„Кај Рада секогаш сум добронамерен, дури ѝ давам и шанса. Таа носи чевли од Булевар и тоа е морничаво. Рада го има најдоброто тело и најлошата гардероба. Често помислувам како оваа жена би изгледала во обично црно бикини, а таа повторно изгледа катасрофално. Ете, таа е пример дека совршеното тело не изгледа добро во вреќа.
Тука се секако, Стоја и победничката Драгана Мирковиќ. Таа е перјаница на лош стил и предводничка на тој имиџ. Кога со толку пари изгледаш како ѓубре, тоа е за мене феномен“, рекол креаторот.Како што многу пејачки „ги зави во црно“ со своите коментари, Саша тврди дека во повеќето случаи тој е добронамерен, но дека тие,


