ПАЛАМУДЕЊЕ

Loading...

Ако постојат зборови за кои на ни една етничка заедница во Македонија не и е потребен превод, еден од нив секако е паламудење. Ако прашате меѓу народ што точно значи тој збор, сигурен сум дека ќе наидете барем на три толкувања, затоа во понатамошниот дел од текстот ќе ви препуштам на фантазијата да го толкувате истиот по ваше убедување. Онака демократски, да не речам рамковно. Но да не паламудам повеќе и да почнеме. Вчера на една од демократските и лингвално коректни телевизии во Македонија, паламудеше лидерот на слободниот свет – сектор балкан, филијала источна Македонија, Зоран Заев. Паламудеше на повеќе теми, постизборни, предизборни, филувано со редовното паламудење за правда и дека никој не е над законот освен оној кој кога има рочишта на суд оди да паламуди во кинеска амбасада, кај италијанскиот преведувач, кај англискиот пациент и други паламудачи.
Тоа зборува за високиот процент на луѓе врз кои може да се спроведе правда, само кога судот би престанал да паламуди за прописи, закони и процедура туку се што дотичниот лидер ќе прогласи за криминал да стрпа у затвор по одлука на народен суд и судот на социјалните мрежи. И да не се паламуди многу за докази зошто тие се надминат концепт по бомбите во кои слушнавмне јасно и гласно што паламуди власта по телефон и наративот на лидерот како тоа да го толкуваме. Без многу паламудење, бомба, ти ја толкува лидерот и Шутка. Да не ги мачиме повеќе СЈО да пишуваат случаи, собираат докази и слични паламудачки активности. Не случајно народот на Кина и  Италија не гласаше за ВМРО ДПМНЕ на изминатите избори. Јасен сигнал за поддршката за која паламудеше лидерот и потписите кои ги добил на поклон за 8-ми март. И нелегитимниот претседател Иванов не треба више да паламуди за заштита на државата и отфрлање на Тиранската платформа и бидејќи е избран на нелегитимни избори како што слушнавме во бомбите нели, т.е. како што ни раскажа вселенскиот лидер на југоисточен Балкан и јужна Фиром Зоран Заев. Кога веќе ја спомнавме платформата, за неа не смее да се паламуди додека Зоки не направи влада.
Потоа ако не ни се свиѓа нешто имало институции ( шо он паламудеше дека ги нема) кои ќе не заштителе. Да се паламуди за специфичен геноцид врз еден народ кој по секој таков суров напад врз себе се мултиплицира – тоа е дозволено. Не е логично, ама е дозволено. Да се паламуди дека Македонци немало до 1944-та е исто пожелно, за да нели се засили тезата на лидерот, Муртинскиот Кенеди, дека ќе ги менуваме Македонците за Граѓани. Транзицијата оди побрзо ако народот што сакаш да го пренесеш жеден преку вода и со етничка платформа да го укинеш за сметка на друг, едноставно не постои.
Така тој без многу паламудење ќе прифати дека подобро му е да се амплифицира албанштината а граѓанинот да ја плаќа сметката. Некои злобни жмроњски паламудачи секој ден паламудат дека за воведување на двојазични пари се потребни 24М евра што е пет порти Македонија, но да ги игнорираме нив и да не прашуваме колку Тамари се 24М евра. Не е време за тоа. Сега е време да се престане со секакво паламудење и да се гони криминалот а тоа е полесно со двојазични команди во полиција, двојазични судски процеси, нотари, табли за имиња на институции и слични опуштачки памперинг активности за постоечката и етаблирана албанска заедница. Затоа измислените не треба многу да паламудат ни за знаме, ни за химна а најмалку за име. Најмалку за тоа треба да паламудат на улиците. Ќе се навредат овие што постојат во две држави а сакаат да добијат и трета. Некои паламудат дека после пак ќе станат една ама урбаните не веруваат. Интересно е да се следи како најгласните паламудачи за правда, мир и генетски инжињеринг сега воопшто не паламудат за таа несреќна мерка притвор која пред само година и нешто беше страшна.
Урбаните не паламудат ни за Фикусот, сега е претседателот, господинот Иванов. Тие што паламудеа против аболиции и палеа по Скопје сега се ОК со единствената преостаната аболиција на лидерскиот паламудач кој единствено не побара да му се повлече. Врзуваа знамиња а не паламудат сега за ЗијаНдин СељаК и неговиот наратив дека не се осеЧа лагодно под тоа знаме што беше во чвор со орелот. Сепак врзување чвор е компликувана операција за некои паламудачи кои тераат етничка агенда во име на граѓанството. И така по вчерашното Паламудение на Алсат, сфативме едно. Ние што сме на улиците не смееме да паламудиме за Македонија, за Унитарност, за заеднички живот со почитување на посебностите во рамки на светските стандарди, не смееме да паламудиме против сегрегацијата од градинка до факултет која не дава ни грам можност албанче и македонче да се сретнат низ процесот и да се запознаат, да дружат и да живеат. За тоа не смее да се паламуди. Само да голтаме.
ЕПА НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ драги паламудачки шарено оросписки ХИПОКРИТИ и ЛИЦЕМЕРИ. Ние сме таму, долу на улица. За разлика од вас со цел, визија и поента. Ние сме на улица ако не за вас – тогаш за вашите дечиња кои заслужуваат да растат како Македонци и да ја пеат „Денес над Македонија се раѓа..“, да плаќаа со македонска валута, да ги брани македонска војска, да ги штити македонска полиција, да учат песнички и вистини на македонски, да ги врне дожд македонски и грее сонце македонско а не да признаваат геноциди кои не се случиле….. Да не паламудиме многу, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ СИЛНА ПОВТОРНО, МАКЕДОНИЈА БИЛА И Е НА МАКЕДОНЦИТЕ зошто ние друг избор немаме, друго огниште немаме, друга љубов немаме освен МАКЕДОНИЈА. И планираме да си ја сочуваме. Затоа престанете со ПАЛАМУДЕЊЕ и придружете ни се. #НемаДаИмПомине
ЌЕ ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Алекс Ванко
писател,аналитичар,филозоф Онака демократски, да не

loading...